Социјална реформа, младински додаток, мерки за време на пандемијата, измени кривичен закон, стратегија за родова еднаквост, не можам да набројам што сè не било поддржано од опозицијата, а е важно за сите граѓани, вели пратеничката од СДСМ Санела Шкријељ од собраниската говорница при реплика на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски..
„Нашата одговорност како пратеници кон граѓаните е таа и иста без разлика дали сме дел од мнозинството или опозицијата. А јас никогаш нема да го свртам грбот на политика која мене, како Санела Шкријељ, не ме третира како бројка за правење етнички баланс или дисбаланс, како што упорно промовира опизицијата“, истакува Шкријељ.