Адвокатот Јанаки Митровски во колумна за Фокус со наслов „Шамарање“, вели дека Латас може да си дозволи „кикс“ како исказот во емисијата на јутјуберот Лазаров, и дека Латас бил „тргнат од ТВ под политички притисок“.
„Латас е Латас и сите добро го знаеме и кој е и што правел. На крај на кариера е, под политички притисок тргнат од ТВ и на негови валда шеесетина години можеби и може да си дозволи ваков кикс, иако нема доблест да рече едно- лошо се изразив. Но младиов и надежен јутјубер, кој немаше храброст на Латас да му се пика во фаца како на некој си Тале од Велес вака е лошо влијание за публиката составена воглавном од деца и ја нормализира реториката “што мајка барала напред да седне во такси…”, пишува Митровски.