Италијанската премиерка Џорџија Мелони пристигна во Кијив во својата прва посета на Украина.
Таа ќе ги посети Буча и Ирпин и попладне ќе разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Се очекува таа да му нагласи на Зеленски дека поддршката на Италија за Кијив ќе биде непоколеблива се додека таа е на чело, пренесува италијанскиот медиум АНСА.
Мелони ја поддржува Украина откако ја презеде функцијата во октомври 2022 година. Нејзината влада обезбедува хуманитарна и воена помош за Украина.
Владата на земјата неодамна го одобри шестиот пакет помош за Украина.
Во понеделник, 20 февруари, таа се сретна со полскиот претседател Анджеј Дуда во Варшава.
А. Р.