ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Министерството за финансии е подготвено за издавање еврообврзница, вели Бесими

February 21, 2023 11:44
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Фатмир Бесими. Фото: МИА

Фатмир Бесими. Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за финансии е подготвено и може веднаш да излезе на меѓународниот пазар со издавање на еврообврзницата, штом во Собранието заврши процедурата за избор на министер за правда. Очекувам и следната аукција да биде успешна. Зад овој процес стои конзорциум на банки со кои 20 години земјата реализира успешно издавање на еврообврзници, а постои и интерес од инвеститорите што учествуваа на аукцијата на 9 март повторно да учествуваат, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими.

Повторената аукција, како што рече Бесими во гостување во 24 Анализа, не повлекува финансиски трошок, бидејќи тоа е во рамки на договорот што го има земјата со конзорциумите банки, кои во овој процес не следат 20 години.

-Штом се избере министер за правда, ние сме подготвени следниот ден да настапиме на пазарот, зависно од оценките на банките кои ќе посочат кои се добри позиции. И следната трансакција ќе биде успешна. Инвеститорите покажуваат интерес повторно да се јават. Ние издаваме познат производ за нив, не доцниме со исплати и тоа и е познато на нив. Нема нови трошоци за повторената постапка, додека каматата ја пазарот, нагласи министерот Бесими.

Тој потенцира дека каматната стапка ќе го одреди и износот на кој ќе биде издадена Еврообврзницата.

-Ние имавме плафон на 800 милиони евра и одлучивме да издадеме Еврообврзница од 600 милиони евра за да ги платиме обврските кон странство, односно еврообврзницата што доспева во јуни од 450 милиони и каматите околу 30 милиони за истата, како и други заеми што доспеваат кон странство. Идејата беше тоа што ќе го обезбедиме со Еврообврзница да платиме она што е обврска кон странство. Доколку каматата е над 7 проценти и повеќе, може да се разгледа опцијата да се издаде Еврообврзница само на 500 милиони евра, па во текот на годината да се видат повторно условите, односно доколку се олабават каматите, затоа што се очекува во втората половина од годината инфлацијата да се намали и растот да се зголеми, но имаме многу непознати и никој не знае што ќе се случи во Украина, истакна министерот Бесими.

Појаснувајќи ја постапката поради која ќе се повтори аукцијата за издавање на еврообврзница, рече дека тоа е поука и најави дека ќе се предложат законски измени со кои нема да се потпишува мислењето само од министер за правда, туку тоа да може да биде и друг член од Владата.

Tags: БесимиеврообврзницаМинистерство за финансии
Next Post

Мелони пристигна во Кијив - се очекува средба со Зеленски

Shortcut

Најново

ОКТА не беше дел од истрагата за „Мазут“, намерно или случајно?

June 16, 2026

Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени

June 16, 2026

СДСМ до Обвинителството: Уште колку докази за криминални тендери се потребни за да започнете истрага?

June 16, 2026

(ВИДЕО) Уапсен скопјанец за опожарување на две возила на амбасадата на Бугарија

June 16, 2026

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk