Новата поткаст платформа „Политиканти“, која преку преку гласовно информирање на слушател(к)ите ќе им ги доближи најпопуларните теми на локално и глобално ниво започна со емитување.
„Политиканти“ е аудио емисија во која се дискутираат и анализираат актуелни настани, политики и прашања поврзани со политиката и владата, често со интервјуа со експерти и политичари од различни перспективи и идеологии.
Шоуто за геополитички разговори со гости од различни сфери, давајќи увид во она што е актуелно го водат Борјан Јовановски и Сашо Орданоски, медиумски професионалци кои целосната кариера ја посветиле на новинарството и правилното известување и пренесување на вести.
Во првата епизода водителите говорат за скандалозното интервју со Латас; за кризата на новото парламентарно мнозинство; во пресрет на годишнината од руската инвазија врз Украина…
Во денешниот свет, кога имаме се помалку време за дигестирање на информациите преку традиционален пат (социјални мрежи, телевизија и слично) – не правете компромис и бидете секогаш во тек.
Извор:Цивил Медиа