ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Уништени 1.4 тони дрога, второ уништување во рок од 6 месеци

February 21, 2023 08:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вечера во присуство на раководството на МВР, претставници од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, полициски аташеа, соработници, беа уништени околу 1.400 килограми различни видови наркотични дроги и околу 270 парчиња разновидно оружје, одземени во 2022 година по основ на правосилни судски одлуки донесени по завршени кривични постапки, како и врз основа на судски решениja за нивно ништење. Во рок од шест месеци ова е второ уништување со вкупно уништени околу 12 тони различни видови дрога и психотропни супстанци.

На овој настан покрај раководството на МВР, присуствуваа и претставници на мисијата на ОБСЕ во Скопје, полициски аташеа, соработници и ученици од средното економско-правно училиште „Васил Антевски Дрен“, како практика на транспарентност и отвореност на МВР кон граѓаните за унапредување на довербата на граѓаните во полиција.

„Минатата 2022 година ја завршивме со запленети рекордни над 2.4 тони дрога и 20 тони прекурсори, сузбиени беа 12 организирани криминални групи со откриени над 660 кривични дела и 770 сторители на кривични дела. Во делот на борба против недозволена трговија со оружје имавме над 18% зголемена откривачка дејност со откриени 127 парчиња оружје и 5103 парчиња муниција.“, потенцираше министерот Оливер Спасовски и истакна дека и ова како и претходното уништување на дрога е резултат на големиот број константни оперативни акции и активности кои МВР ги спроведува во изминатите години со цел спречување на нелегалната трговија со дрога и прекурсори.

„Министерството за внатрешни работи, односно сите организациони единици надлежни за сузбивање на недозволената трговија со дрога, продолжуваат со реализација на овој наш врвен приоритет – на брз, координиран и ефикасен начин да ја сузбиеме оваа девијантна појава“, рече Спасовски.

Министерот на крај истакна дека бројките ги потврдуваат сериозните успеси во борбата со недозволената трговија со дрога, која ова раководство на МВР уште во почетокот ја постави како еден од своите приоритети во која нема место за никакви компромиси а МВР ќе продолжи да ја информира јавноста на целосно транспарентен начин како во делот на откривањето и санкционирањето на ваквите појави, така и во делот на уништувањето на кое сме денес сведоци.

Tags: МВРОружјеСпасовски
Next Post

Лазаров го избриша интервјуто со Латас, па се извинуваше за тоа што е кажано (ВИДЕО)

Shortcut

Најново

ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

October 25, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk