Министерката за одбрана Славјанка Петровска пристигна во Украина. Како што нагласува во објавата на Фејсбук „ќе им ја пренесам јасната поддршката од Северна Македонија за суверенитетот на Украина“.
„Пристигнав во Украина, земјата која една година го брани својот суверенитет и територијален интегритет. Денеска ќе имам средби со претставници на официјален Киев, на кои ќе им ја пренесам јасната и недвосмислена поддршка од Северна Македонија за суверенитетот на Украина и правото на самоодбрана“, напиша министерката на Фејсбук.