Мадрид планира да испрати шест главни борбени тенкови Леопард 2 А4 на украинската армија. Ова денес го изјави пред пратениците, министерката за одбрана на Шпанија, Маргарита Роблес, пренесува Укринформ повикувајќи се на Гардијан.
Минатиот месец, Роблес рече дека Шпанија е отворена за испраќање тенкови Леопард 2 од германско производство и дека ќе дејствува во координација со своите западни сојузници откако Германија ќе се согласи со напорите.
Според Феликс Артеага, истражувач за безбедност и одбрана во тинк-тенкот Елкано, Шпанија има 108 тенкови 2А4 во служба. Ова е стар стандарден модел за многу европски нации, а украинските танкери можат да поминат стандардна обука за овие возила.
Како што претходно објави Укринформ, на крајот на 2022 година, Шпанија го испорача најголемиот пакет одбранбен материјал за Украина, доставувајќи тешко оружје, муниција со долг дострел и противтенковска муниција до логистички центар во Полска.
Подготви: А. Р.