Путин сакаше да го заземе Киев за три дена и најголемиот дел од Украина за една или две недели најмногу. Тој веруваше ќе може да го стори тоа додека ја уценува Европа со гас, притоа мислејќи дека никој не би ѝ помогнал на Украина и дека ќе направи сé што сака. Сепак видовме дека ништо од тоа не се случи, вели во разговор за „Локално“ украинскиот пратеник и политичар Олексеј Гончаренко во пресрет на годишнината од почетокот на инвазијата на Руската федерација врз украинско тло.
Пратеникот оценува дека во првите неколку дена, многу светски лидери сметале дека Украина ќе престане да постои, а Киев ќе падне.
-Но, Украинците ја штитат земјата од првиот ден. Од првата секунда од инвазијата. Се надевавме дека нема да биде долго, но помина една година. Сепак, Украинците сè уште веруваат во победа. Ова не е затоа што зборувам како член на Парламентот. Ова е вистина. Може да прашате секое лице на улица во кој било град или село Украина, и тие ќе ви кажат дека Украина дефинитивно ќе победи. Путин мислеше дека ќе побрзаме да ја пречекаме неговата војска со цвеќиња, но ги дочекавме со оружје во рака. Сега Украинците се повеќе обединети од кога било, ни рече Гончаренко.
Целиот разговор на следниот линк!