ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Сушченко: Путин сакаше да не избрише од земјата, но Киев цврсто стои како што стоел со векови пред неговото раѓање

February 24, 2023 12:34
in PMD, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

На руската инвазија на Украина, која Москва ја започна пред точно една година, не ѝ се гледа крајот, додека многумина стравуваат дека допрва ќе следи ескалација на судирот.

Во првата година од војната, десетици илјади луѓе загинаа, вклучително и илјадници цивили, милиони станаа бегалци, а некои градови беа целосно уништени. Експертите предупредуваат дека најголемиот конфликт во Европа по Втората светска војна би можел да трае со години, а се зголемуваат стравувањата дека може да излезе од контрола и да се претвори во директен конфликт меѓу Русија и НАТО.

Податоците за бројот на загинати и ранети војници од двете страни се значително различни и се движат над 100.000. Според податоците на ОН, од почетокот на инвазијата, загинале околу 8.000 цивили, а повеќе од 13.000 биле ранети. Инвазијата на руските сили доведе и до најголемата бегалска криза во Европа од Втората светска војна.

Според ОН, околу осум милиони луѓе биле принудени да ја напуштат Украина поради конфликтот, а повеќе од пет милиони биле внатрешно раселени.

За тоа каква е ситуацијата на фронтот и што Украинците мислат за годишнината од оваа бесмислена битка, „Локално“ зборуваше со украинскиот политичар и поранешен воен затвореник на Кремљ, Роман Сушченко. Тој ни рече дека во моментов ситуацијата во земјата е сложена и напната.

-Луѓето постојано очекуваат ракетни и бомбашки напади. Децата и учениците се принудени да учат од далечина. Падот на БДП е забележан на ниво од 30%. Ги изгубивме пријателите, ги криевме нашите браќа, им помагавме на раселените луѓе, дониравме за армијата, собиравме средства и купувавме пикап, шиевме опрема, направивме противтенковски бариери, собиравме комплети за храна, поддржувавме лекари, медицински лица, воспитувачи, уметници, стари лица и инвалиди , спортисти и деца, организирани се стотици тони хуманитарна помош, преживеаавме воздушни напади, бомбардирања, студ, темнина. Луѓето преживуваат благодарение на вооружените сили на Украина и помошта на Западот. Денес, нашите војници се на обука во Европа и на полигоните во Украина. Во многу региони се формираат нови јуришни бригади. Тие се опремени со модерно оружје и воена опрема. Украина создава сопствена флота од беспилотни летала, кои веќе имаат предности на фронтот и на море, ни раскажува Сушченко.

Целиот разговор на следниот линк!

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: инвазијаПутинСушченкоУкраина

НАЈНОВО

Усвоена информација за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025-2030

June 24, 2025

Мицкоски за извештајот на Вајц: Првата препрека ја поминавме, извештајот се очекува на пленарна седница да биде ставен меѓу 7 и 11 јули

June 24, 2025

Нови 116 милиони денари за 47 проекти за развој на урбаните и специфичните подрачја, селата и центрите во планските региони

June 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Извештајот на Вајц пројде во Брисел, Мицкоски доживеа дебакл од сојузниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јонузи: Политичките елити да не ги затвораат очите пред идеолошкото инфилтрирање од Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тато, дали сме ние во војна?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Година дена Влада на Мицкоски: Европската интеграција во ќорсокак – уставните измени во застој, економски раст на хартија, инфлација на терен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk