ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пласман на македонските кошаркари во завршната квалификациска фаза за ЕП-2025

February 27, 2023 06:26
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СПОРТ

Во последниот, одлучувачки натпревар на македонската репрезентација против Норвешка, за пласман во третата и последна квалификациска фаза за пласман на ЕП во кошарка кое што во 2025 година ќе се одржи во Финска, Латвија, Полска и Кипар, нашите кошаркари со сигурна игра во текот на целиот натпревар извојуваа победа со резултат од од 79-41. Со тоа Македонија заврши на првото место во силната „А“ група, во којашто противници ни беа Норвешка, Словачка и Данска.

Нашите репрезентативци со респект кон противникот влегоа во овој натпревар, особено по победите на Норвешка против Данска со 24 поени и особено победата во гости против Словачка со 19 поени разлика. Пред денешниот натпревар меѓу Македонија и Норвешка, Словачка извојува победа во гости против Данска и со тоа победа против Норвежаните стана императив. Нашите кошаркари беа подобри во текот на целиот натпревар, а најдобар, според очекувањата, беше Американецот, и натурализиран Македонец, Ти Џеј Шортс. Тој постигна вкупно 27 поени, а имаше и 6 скокови, 5 асистенции и шут од поле 61.54%. Освен него, со одлична игра денеска се истакна и Војдан Стојановски со постигнати 20 поени, 5 скока и 2 украдени топки.

Нашата репрезентација на последните два натпревара играше без нашиот најдобар кошаркар Ненад Димитријевиќ – Нено, поради напреварите што ги имаше неговиот тим Уникс Казан во ВТБ лигата. Отсуствуваше и големата македонска надеж Андреј Јакимовски, поради неговите обврски со тимот на универзитетот Вашингтон Стејт којшто се натпреварува во американската НЦАА лига.

Во третата и последна фаза од квалификациите, вкупно 32 тима од Европа ќе се натпреваруваат во 8 групи, а од секоја група по три првопласирани репрезентации ќе изборат пласман на завршниот „Евро-баскет 2025“.

А. Лукароски

Next Post
Јована Тренчевска Фото: Фронтлајн

Тренчевска на состанок за мерката Втора шанса за дообразование

НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Мицкоски негира дека Казандол ќе биде повторно отворен

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk