ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СДСМ и ДУИ: Нема да има Заедница на албански општини

February 27, 2023 08:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Двете главни владејачки партии во Северна Македонија, СДСМ и албанската партија ДУИ и македонската опозиција, денеска ја отфрлија идејата на албанската опозициска партија, Алтернатива, за формирање на Заедницата на албанските општини, оценувајќи ја како неприфатлива и несериозна.

Вчера Алтернатива ги повика партиите на Албанците кои имаат власт во општините, ДУИ, Алијанса за Албанците и Беса, да покренат иницијатива за формирање Заедница на албански општини во Северна Македонија, како реципроцитет на она што меѓународната заедница бара од Косово да основа Заедница на српски општини.

СДСМ порача дека ситуацијата на Косово не може никако да се преслика во Северна Македонија и дека соработката со општините е апсолутно можна, согласно законот.

– Секоја општина може да соработува во која било форма, кога ќе најде интерес за одредена тема. Сметаме дека ова барање е несериозно, треба да се искористи за добивање политички поени и во крајна линија е неприфатливо – изјави Санела Шкријељ од СДСМ.

Најголемата албанска партија ДУИ, партнер на СДСМ во Владата, оцени дека предлогот на Алтернативата за формирање Заедница на албански општини е антиевропски и антиамерикански и штетен за конечното решение на косовското прашање.

-Патетично, антиамериканско и антиевропско, тоа е штетно за конечното решение на косовското прашање. Неуспешен обид за опстанок на политичката сцена по фијаското – порачаа од ДУИ за Алтернатива, која пред неколку дена ја напушти владата на Ковачевски поради влезот на Алијансата за Албанците.

Идејата на Алтератива е неприфатлива и за лидерот на најголемата македонска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој оцени дека Охридскиот договор е доволен и додаде дека таквите идеи можат само да ги влошат меѓуетничките односи.

Tags: ДУИЗаедница на албански општиниСДСМ
Next Post

Се што Мицкоски кажа – излажа, се што прогнозираше – излезе обратно, велат од Бихаќка

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk