Средба Ковачевски – Таравари: Владина поддршка за општините за подобар и подостоинствен живот за сите наши граѓани
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска во Гостивар оствари кратка средба со градоначалникот на Општината Арбен Таравари.
Премиерот и градоначалникот говореа за предизвиците со кои се соочува Општина Гостивар и за важноста на поддршката која што Владата ја дава за стабилизирање на општините за успешно да ги извршуваат законските надлежности и да обезбедат квалитетни услуги за граѓаните.
„Владата гради објективен, правичен, транспарентен и одржлив систем за финансиско воедначување на општините. Целта на Владата е на граѓаните да им се обезбедат квалитетни услуги и пристап до истите без разлика каде живеат“, стои во прес-соопштението на Владата за средбата.
Ковачевски и Таравари на состанокот уште еднаш ги потврдиле заложбите за окрупнување и здружување на сите прогресивни политички партии кои што се за пристапување на Северна Македонија во ЕУ.
Ковачевски истакна дека за Владата е најважно да обезбеди просперитетна иднина за сите граѓани, бидејќи тие заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ.