ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Во Брисел започна билатералниот скрининг за Поглавје 9, „Финансиски услуги“

February 27, 2023 14:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска во Брисел продолжува билтералниот скрининг за Кластер 2 „Внатрешен пазар” со скрининг состанокот за Поглавје 9 – „Финансиски услуги”.

Преговарачкиот тим го предводи државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања и заменичка на главниот преговарач на Република Северна Македонија со Европската унија, Дрита Абдиу Халили, која во своето воведно обраќање истакна дека земјата успешно го следи патот кон целосна хармонизација со европското законодавство.

-Новите закони ќе воспостават јасна и сеопфатна рамка за македонскиот пазар, што ќе придонесе за неговиот развој и усогласување со законодавството на Европската унија во оваа област, потенцираше државната секретара и заменик главен преговарач на Република Северна Македонија со Европската унија, Дрита Абдиу Халили.

На денешниот скрининг состанок присуствуваше и Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, кој меѓу другото во неговото воведно излагање нагласи дека оваа година ќе се работи максимално за исполнувањето препораките од извештајот, со што ќе се донесе закон за резолуција на банки и имплментација на законодавството, и врз основа на оваа исто така ќе бидат завршени и назначувањата на регулаторното тело за банките, правилно справување и спречување на нерегистрираните и неосигурените возила, и ќе се продолжи со заштитата на потрошувачите заедно со формирањето на финансиски Народен правобранител.

„Ќе ги катализираме напорите нагласени во извештајот во делот за развивање на одредбите за резолуција на банките во согласност со рамката на ЕУ, со посебен акцент на Директивата за закрепнување и разрешување на банките. Законот за осигурување на депозити ќе биде изменет за да се подобри осигурувањето на депозитите и да се одговори на загриженоста на Уставниот суд во неговата одлука од јули 2021 година. Нашата централна банка веќе и посвети дел на нејзината веб-страница на правата на потрошувачите заедно со правилното споделување информации за да се избегнат нефер банкарски практики”, посочи Битиќи.

Работната група за оваа поглавје гo сочинуваат следните институции: Министерство за финансии, Народна банка на Република Северна Македонија, Фонд за осигурување на депозити, Комисија за хартии од вредност, Агенција на суперревизија за осигурување и Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.

Во европското законодавство финансиските услуги се од големо значење за правилното функционирање на внатрешниот пазар на Европската унија како еден од темелите на европската интеграција. Оваа поглавје ги вклучува следните области: банкарството, осигурувањето, хартии од вредност, инвестициски фондови, финансиски пазари, платните системи. Правната рамка во ова поглавје ги опфаќа правилата за издавање на оперативно и надзорно работење на финансиските институции кои треба да обезбедат стабилен, безбеден и ефикасен финансиски пазар.

Презентациите за Поглавје 9, „Финансиски услуги”, ќе продолжат и утре, во среда и четврток за Поглавје 28, „Заштита на потрошувачи и јавно здравје„ и во петок ќе се одржи билатералниот скрининг состанок за Поглавје 2 „Слобода на движење на работници”.

Tags: „Финансиски услуги“ЕУПоглавје 9скрининг
Next Post

Промовирана книгата „Биографија на аналогниот магнетофон“ од Вангел Башевски-Барми

Shortcut

Најново

31 година од атентатот врз Киро Глигоров: Сторителите и нарачателите сè уште непознати

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
Средба Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: vlada.mk)

Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

October 2, 2026
Урсула фон дер Лајен (фото: facebook.com/eudebates.tv)

Што ќе донесе Фон дер Лајен денеска во Скопје, а што ќе ѝ понуди Мицкоски?

October 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk