РИБАРО
Стратегијата на Мицкоски да одолговлекува и безидејно да пелтечи, по којзнае кој пат се покажа како погрешна. Синоќешното гласање за реконструкцијата на Владата од проширеното парламентарно мнозинство и скриените милионски приватни имоти на Мицкоски, како што дознава екипата на АХА, ја прелило чашата кај вмровците. На итна теснопартиска координација, рано утрово, тие најавиле смена на Мицкоски од лидерската позиција на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ итно реагираше на евентуалната смена на Мицкоски и најавија протест пред белата палата со паролата – МИЦКО НЕ ГО ДАВАМЕ!!!
„Ние како СДСМ, остро се спротивставуваме на најавената смена на Мицко. Не може човекот кој се покажа како најупорен и најдоследен да остане во опозиција, сега да го сменуваат. Не оди тоа така другари. Мицко е она што најмногу им одговара на СДСМ и тоа овие од ВМРО-ДПМНЕ треба да го знаат и да бидат барем малку колегијални. Замислете на врвот на ВМРО-ДПМНЕ да дојде некој паметен и конструктивен кој ќе работи во интерес на државата, кој нема да блокира, манипулира и шпекулира со доброто на граѓаните. СДСМ тогаш ќе има многу потешка задача. Вака, сме раат. Овој Мицко толку работи да си ја разнебити партијата што подобра алтернатива од него СДСМ не може да замисли“, истакнаа за АХА од СДСМ.
На забелешката од АХА дека како можен наследник на Мицко се шпекулира да биде Алекса Лигњата, од СДСМ кратко коментираа:
Хммм…?! И тој не е лоша алтернатива, ама Мицко си е Мицко!
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK