Целта на прифатениот европски предлог и на дијалогот Белград-Приштина не е „взаемно признавање“, туку постигнување сеопфатен договор за регулирање на односите меѓу Косово и Србија, изјави денеска во Брисел портпаролот на Европската унија, Петер Стано.
Одговарајќи на новинарско прашање Стано додаде дека успех ќе биде потпишувањето на конечниот договор за сеопфатно уредување на односите меѓу Косово и Србија, пренесе МИА.
Портпаролот на високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, истакна дека договорот на српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти дека е неопходно да се започне со спроведување на европскиот предлог е јасен напредок.
„Сега доаѓа суштинскиот, важен дел, а тоа е да се спроведе содржината на европскиот предлог преку преговори“, рече Стано.