ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Грета Тунберг: Ветерниците во Норвешка на земјиште на домородните Сами сточари на ирваси се неприфатливо кршење на човековите права

March 1, 2023 16:00
in PMD, ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Грета Тунберг, заедно со десетици активисти за заштита на животната средина во понеделникот, 27 февруари, протестираше пред Министерството за енергија во Осло против ветерниците изградени на домородно земјиште во Норвешка, обајви EuroNews/Green. 

„Правата на домородните луѓе, човековите права, мора да одат рака под рака со заштита на климата и климатските активности. Тоа не може да се случи на сметка на некои луѓе. Тогаш тоа не е климатска правда“, рече таа во интервју за новинската агенција Ројтерс.

Спорните две ветерни електрани зафаќаат земјиште што традиционално го користат домородните Сами сточари на ирваси во централна Норвешка.

Во 2021 година, врховниот суд на Норвешка пресуди дека проектите ги прекршуваат правата на Сами според меѓународните конвенции. И покрај одлуката на врховниот суд за ветерните електрани, нивната крајна судбина е сложена правна дилема според Министерството за енергетика, кое се надева дека ќе најде компромис. Во пресудата на судот не е наведено што треба да се случи со 151 турбина, предвидени да опслужат над 100.000 норвешки домови, или десетици километри патишта изградени за да се олесни изградбата. И покрај пресудата верните електрани продолжуваат со работа, што резултираше со протест и блокирање на влезовите на Министерството за нафта и енергетика.

Сточарите на ирваси во нордиската земја велат дека глетката и звукот на џиновската ветроелектрана машина ги плаши нивните животни и ги нарушува вековните традиции.

„Тука сме да бараме турбините да се урнат и да се почитуваат законските права“, вели Сами кантавторката, актерка и активистка Ела Мари Хаета Исаксен.

Таа и десетина други демонстранти Сами го окупираа приемниот простор на министерството од четвртокот. Полицијата во понеделникот околу 1.30 часот насилно ги отстранила и ги привела пред да ги ослободи. Тие се вратија во министерството, овој пат надвор, околу 6 часот наутро. Демонстрантите Сами ја носеа својата традиционална носија, често наречена гакти, внатре кон надвор како знак на протест. Стоејќи во знак на солидарност со нив, Грета вели: „Тука сум да ја поддржам борбата за човекови права и права на домородните. Норвешка ги крши човековите права и тоа е целосно неприфатливо“.

Поздготви: Зелен Цивил

Tags: ветернициГрета ТунбергНорвешка
Next Post

Одбележан Денот на независноста на БИХ

НАЈНОВО

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk