ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ако сексуалниот вознемирувач од Прилеп е член на партија тоа не го штити од кривична одговорност

March 2, 2023 19:05
in PMD, ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Институциите започнаа да работат на расчистување на случајот по пријавата за сексуално вознемирување на 15-годишна ученичка со посебни потреби од страна на хигиеничар во училиштето кое го посетува.

Од прилепското обвинителство информираат дека започнале да прибираат потребни известувања, а денеска извршиле и распит, меѓу кои и на ученичката.

„Испрашани се директорката и социјален работник во училиштето. Поднесовме наредба до полицијата да ги прибави видеозаписите од училиштето. Психолог ќе вештачи за душевната состојба на ученичката за на крајот да решиме дали ќе се отвори предмет и дали ќе има кривично гонење“, информираат од прилепското обвинителство за МИА.

Сторијата прво ја објави телевизија „Клан“, од каде претходно известија дека хигиеничарот и ученичката одат во иста смена на училиште, снимките од камерите не се прегледани, а ниту осомничениот ниту девојчето не биле досега викнати во полициска станица.

Настанот наводно се случил на осми февруари, па оттаму е нејасно зошто толку долг период беше потребен за надлежните да бидат информирани и да започнат да постапуваат.

На 14 февруари во 10,40 часот во полициската станица во Прилеп од вработена во средно училиште било пријавено дека малолетна ученичка кај неа пријавила дека била допирана по телото од вработен од училиштето. Полициските службеници презеле мерки и активности и за случајот е известен јавен обвинител, информираат од СВР Битола.

Директорката на училиштето истакна дека ученичката била дете во ризик.

„Ги презедов сите потребни активности, беше направен разговор со родителите на ученичката, стручна служба, вработениот во училиштето. Поради тоа што добив различни изјави, настанот веднаш го пријавив во Центарот за социјални работи и во МВР. Ова дете е дете во ризик и затоа побарав од Центарот за социјална работа да се преземат нивни понатамошни активности“, истакна Тереза Златеска, директорка на СОУ „Орде Чопела“ Прилеп.

Сепак, ваквата изјава на директорката следува три недели откако наводно е извршено делото. Хигиеничарот во училиштето демантира дека тој е извршител на вакво дело. Тој не е експониран во јавноста, а на неговиот фејсбук профил изобилуваат фотографии од партиски активности во ВМРО-ДПМНЕ, а на дел од нив е и со партискиот лидер Христијан Мицкоски. Граѓаните бараат во расчистувањето на случајот воопшто да не влијае партиската припадност, особено што и новата директорка на училиштето е назначена од актуелниот градоначалник на Прилеп, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: малолетничкаПрилеп обвинителствосексуално вознемирување
Next Post

При реконструкција на словачката црква пронајдена кутија со временска капсула стара 188 години: Но, што има внатре?

НАЈНОВО

Дигитална изложба „Фауна” во Битола – урбана уметност во зголемена реалност

October 14, 2025

Ана Карајанова Димитрушева: Гласајте за бројот 8 за достоинство на луѓето со попреченост

October 14, 2025
Скриншот

Стармер: Потпишувањето на мировниот план за Појасот Газа е историски ден

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk