РС Македонија води конзистентни, здрави и одржливи макроекономски политики. Новата реалност наметната од неколкуте последователни кризи бара да бидеме подготвени да носиме адекватни и ефикасни политики, од кои голем дел од нив бараат и брзи реакции, а истовремено да ги заштитиме јавните финансии. Ова го порача министерот за финансии Фатмир Бесими кој учествуваше на Скопски Економски Форум II, во организација на Делфи Економски Форум и Грчката бизнис асоцијација.
„Во вакво глобално опркужување се фокусираме да ги намалиме трошоците и да ги направиме поефикасни. Да дадеме јасни сигнали за политиките, кои значат дека сме цврсто определени да водиме макроекономски и фискални политики што ќе значат фискална консолидација, а истовремено мерките да бидат таргетирани. Така даваме јасна порака и кредибилитет на политиките кои оставаат простор да имамае соодветна побарувачка за нашите хартии од вредност кога ќе излеземе на меѓународниот пазар”, рече министерот Бесими.
Тој истакна дека водењето здрави макроекономски политики е во насока на поддршка за економскиот раст, „Во таа насока се прават и структурни промени во структурата на расходите. Во Законот за буџети веќе се инкорпорирани дел од тие механизми што даваат таква сигурност. Се дигитализира системот на трезорот, се создава нова единица за капитални инвестиции. Во структурата на расходите веќе се случуваат промени, така што во оваа година, кога се уште имаме мерки за спраување на кризата, од вкупниот буџетски дефицит кој е на ниво од 4,6 % или 700 милиони евра, 250 милиони евра се резервирани средства за антиркизни мерки, односно 1,6 % е наменет за антиркзини мерки. Во нормални услови без овие антиркизни мерки би имале дефицит од 3 %. Дополнително капиталните расходи се на ниво од 800 милиони евра. Со ваквата структура создаваме услови за поддршка на растот, каде што каптиалните расходи се на ниво од 5,2 % од БДП, кои пак во минатото се движеле меѓу 2 и 3 %, рече министерот за финансии.