ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицкоски: Граѓаните треба да добијат леб по најниска можна цена

March 3, 2023 18:36
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Граѓаните треба да го добијат лебот, кој е основен прехранбен производ, по најниска цена што треба да ја има, смета претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Одгваорајќи на новинарско прашање отворањето на спортската сала во населено место Стајковци во Општина Гази Баба, Мицкоски рече дека „лошите политики на Владата довеле до празни рафтови за леб“.

– За жал, егзибиционистичките и лошите политики на оваа Влада, големата инфлација, рекордна во Европа, Македонија има двојно повисока инфлација споредено со ЕУ, доведе до тоа, покрај тоа што пред неколку месеци имаше редици за нафта и бензин, денеска да имаме празни рафтови за леб, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Мицкоски, токму поради владините политики и, како што рече, „изнудени решенија“ се случува рафтовите да се празни и граѓаните на располагање да го немаат лебот како основен производ.

Владата ја замрзна цената за лебот

Пред неколку денови Владата ја укина повластената струја за компаниите од прехранбената индустрија и ја замрзна цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на 33 денари.

Ова го соопшти премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со министерот за економија Крешник Бектеши.

Како што рече Ковачевски, помина доволно време од донесувањето на последниот пакет антикризни мерки, а дел од прехранбените компании не ги намалија соодветно цените на своите производи. Тоа го утврдиле инспекциските контроли.

Замрзнувањето на цената на белиот и полубелиот леб ќе важи до 31 мај 2023 година. Од друга страна Пекарската индустрија од утре ќе почне да испорачува бел и полубел леб од 33 денари, но ќе поведе и правна постапка за наплата на штетата што ја претрпува од владината одлука за замрзнувањето на цената на лебот.

Како што изјави денеска претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија Горан Малишиќ, компаниите максимално ги почитувале мерките за поддршка, а Владата донела неуставна и незаконска одлука со која до 31 мај ќе им нанесе штета од над 4,5 милиони евра.

Н. Абдурахмани

Извор: ЦИВИЛ Медиа

Tags: ВМРО-ДПМНЕлебМицкоски
Next Post

Ериксон мора да плати казна од 206 милиони долари во САД

НАЈНОВО

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

Товарно моторно возило се самозапалило кај Плетвар, во близина на село Ореовец

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk