ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ PMD

Ѓорѓевски за телевизијата на Владиката Петар: Нема чувство дека МПЦ е доволно транспарентна кога се работи за вклучување во бизнисите

March 3, 2023 13:34
in PMD, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ќе зрачи црковна телевизија во македонскиот медиумски етер. Владиката и митрополит преспанско-пелагониски Петар добил дозвола за отворање телевизија. Одлуката е објавена на веб-страницата на АВМУ и истата се однесува на скопскиот регион, со времетраење од девет години.

Телевизијата добила дозвола за општ, претежно забавен формат, каков што имаат најголемиот дел од телевизиските станици и медиуми во државата.

Според дел од јавноста, изненадувачка е ваквата одлука, поради начинот на кој се прави.

Верскиот аналитичар и новинар Бранко Ѓорѓевски за „Локално“ вели дека со право се реагира во јавноста.

-Проблем е во транспарентноста. Ние немаме чувство дека МПЦ е доволно јавна и транспарентна кога се работи за вклучување во бизнисите. Не знаеме какви договори склучува, колку приходи остварува, како ги троши… Никогаш не се објавуваат такви податоци на нивни интернет страници. Зошто? Не знаеме ниту воопштои колкави имоти имаат? Зошто да не се знае? Зошто верниците да не ја знаат таа информација? Зарем некој од верниците би имал нешто против од приходите од црковните бизниси да се прават старски домови, детски градинки, лекарски и стоматолошки ординации, народни кујни, да се подобри лошиот материјален статус на свештениците кој сепак не е таков како што се перцепира во јавноста дека се каста на богати луѓе. Значи, не е проблем во водење на бизнис, туку во јавноста. Така е и во однос на телевизијата на владиката Петар, потенцира новинарот.

Tags: Владика ПетарЃорѓевскиТелевизија
Next Post

Маричиќ: Процесот на преговори со ЕУ го отвора пазарот на труд и го прави македонскиот работник повеќе вреднуван

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk