ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ: Процесот на преговори со ЕУ го отвора пазарот на труд и го прави македонскиот работник повеќе вреднуван

March 3, 2023 13:36
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Брисел во тек е одржувањето на билатералниот скрининг за скрининг состанок за Поглавје 2 „Слободно движење на работникот”, за кое вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, во своето видеообраќање од Европската комисија, вели дека ова е многу важно поглавје за македонските граѓаните, бидејќи со усогласувањето со законодавството на ЕУ се отстрануваат бариерите поврзани со европскиот пазар на трудот, а неговото отворање ќе го направи македонскиот работник повеќе вреднуван.

– Со пристапувањето на Северна Македонија во Унијата, за македонските граѓани ова значи работа без работна дозвола, еднаков третман при вработувањето како и со државјаните на останатите земји членки на ЕУ, еднакво социјално осигурување како граѓаните на земјата-членка каде што работникот е вработен, право на пензиски и социјални придонеси, меѓусебно признавање на квалификациите, вели во видеообраќањето Маричиќ.

Вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ вели дека имаме направено низа реформи во оваа област, но уште треба да се направи, посочувајќи дека Северна Македонија има склучено 15 билатерални договори за социјално осигурување со земји-членки на Европската унија, а со 9 земји-членки на Европската Унија за користење на Европската картичка за здравствено за осигурување на територијата на Република Северна Македонија.

Оваа недела во Брисел на скрининг агендата беа Поглавјата 9, „Финансиски услуги”, 28, „Заштита на потрошувачи и јавно здравје”, а денеска во моментов во тек е скрининг состанокот за Поглавје 2 „Слобода на движење на работници”, поглавја кои како што вели Маричиќ содржат прописи исклучително важни за граѓаните и квалитетот на животот, но и за финансиската и макроекономската стабилност на Северна Македонија.

– Ни останува уште да презентираме за постигнувањата и усогласувањата со ЕУ за Поглавјето 8, „Конкуренција” многу важно поглавје од Кластерот 2 „Внатрешен пазар”, и според предвидениот календар продолжуваме со третиот кластер, најави Маричиќ.

Вицепремиерот уверува дека преговорите со ЕУ се одвиваат по планот и дека македонскиот преговарачки тим успешно го води скрининг процесот и дека е важно да го задржиме ова темпо и да одржиме континуитет во преговорите со ЕУ.

– Тоа ќе наметне забрзување на реформите, што е секако во наш интерес, за добро на државата и на граѓаните. Да докажеме дека сме сериозна држава за членство во ЕУ и дека сме исполнителни во спроведувањето на нашите обврски и европската реформска агенда. Во ноември оваа година подготвени за следната фаза, да продолжиме понатаму и граѓаните да почнат вистински да ги чувствуваат придобивките од пристапните преговори со ЕУ, порача Маричиќ.

Во продолжение интегрален текст од обраќањето на вицепремиерот Маричиќ:

„Денеска во Брисел го одржуваме билатералниот скрининг состанок за Поглавје 2, „Слободно движење на работници”. Со пристапувањето на Северна Македонија во Унијата, за македонските граѓани ова значи работа без работна дозвола, еднаков третман при вработувањето како и со државјаните на останатите земји членки на ЕУ, еднакво социјално осигурување како граѓаните на земјата-членка каде што работникот е вработен, право на пензиски и социјални придонеси, меѓусебно признавање на квалификациите.

Имаме направено низа реформи во оваа област, но уште треба да се направи. Северна Македонија има склучено 22 билатерални договори за социјално осигурување, од кои 15 се со земји-членки на Европската унија. Исто така имаме потпишано договори со 9 земји-членки на Европската Унија за користење на Европската картичка за здравствено осигурување на територијата на Република Северна Македонија.

Во Брисел македонскиот преговарачки тим имаше интензивна недела на презентирање на досегашните реформи и работата преземена во областите на финансиски услуги и заштита на потрошувачите како и јавно здравје.

Овие поглавја содржат прописи исклучително важни за граѓаните и квалитетот на животот, но и за финансиската и макроекономската стабилност на Северна Македонија.

Ни останува уште да презентираме за постигнувањата и усогласувањата со ЕУ за Поглавјето 8, „Конкуренција” многу важно поглавје од Кластерот 2 „Внатрешен пазар”, и според предвидениот календар продолжуваме со третиот кластер.

Преговорите со ЕУ се одвиваат по планот. Успешно го водиме скрининг процесот, тимовите се добро подготвени и се на нивото на задачата во сите области. Важно е да го задржиме ова темпо и да одржиме континуитет во преговорите со ЕУ. Тоа ќе наметне забрзување на реформите, што е секако во наш интерес, за добро на државата и на граѓаните.

Да докажеме дека сме сериозна држава за членство во ЕУ и дека сме исполнителни во спроведувањето на нашите обврски и европската реформска агенда. Во ноември оваа година подготвени за следната фаза, да продолжиме понатаму и граѓаните да почнат вистински да ги чувствуваат придобивките од пристапните преговори со ЕУ.”

Tags: ЕУМаричиќпазар на труд
Next Post

Угледен адвокат од САД прогласен за виновен за убиство на сопругата и синот: До последно тврдеше дека е невин, па направи фатална грешка

Shortcut

Најново

Сара е во болница, осомничениот на слобода: Институциите мора да одговорат на сериозните обвинувања

November 16, 2026
NVIDIA (photo: Wikipedia)

Кризата во NVIDIA: Хуанг размислува за враќање, компанијата се соочува со безбедносни прашања

November 16, 2026
Роденденско утро со мирис на еспресо (фото: лична архива)

Вест стара 59 години

November 15, 2026

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk