Сега се поднесуваат завршните сметки на компаниите па во очекување сме на новите статистики за профитите на маркетите, за кои економистите постојано велат дека се „воени профитери“. Проценките се дека се очекува слично сценарио како за време на ковид пандемијата кога драстично се зголемија нивните профити. Цените на производите од почетокот на Руската инвазија врз Украина неконтролирано пораснаа, па по интервенцијата на власта се замрзна цената на лебот, а во игра е и замрзнување на цените и на други продукти.
Производителите многу често “топката” за високите цени на одредени производи ја префрлаат токму на маркетите бидејќи иако профитните маржи на основните прехранбени производи се замрзнати до април, со мерка која е на сила од јуни, досега не ги даде посакуваните резултати. Причина за ова е тоа што маркетите постојано калкулираа, па цените воопшто и не се намалија. Ограничена маржа до 5 проценти имаше за лебот, шеќерот, маслото за јадење, а за брашното, тестенините, оризот, за јајцата пак млекото и млечните производи маржата е огрничена до 10 проценти.
Исто така од 1 декември минатата година домашните производители на основните прехранбени продукти користеа субвенционирана електрична енергија, но ниту оваа мерка драстично не ги спушти цените на храната.
Целта беше со субвенционирана електрична енергија кај домашните производители и регулирана трговска маржа, на пазарот да имаме корегирани цени, рече тогаш министерот за економија Крешник Бектеши.
Целата анализа на ЦИВИЛ Медиа!