Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во негово и во име на раководството на МВР утрово го честита 8 Март – Меѓународниот ден на жените, со желби за добро здравје и успеси на сите полиња.
Спасовски порача дека во последниве неколку години МВР докажа дека постои и волја и желба отворено да се дискутира на темите за родова еднаквост и недискриминација, но и да се преземат конкретни чекори во создавањето на економски силни, одважни и самостојни жени и девојки.
-Денес навистина можеме да се пофалиме со еднаквост во одлучувањето, бидејќи на ниво на организационите единици во рамки на МВР 48% од раководните позиции се доверени на жени. Исполнетоста на принципот на застапеност на жени на раководни позиции е евидентна и во рамки на Бирото за јавна безбедност.