ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Стопанска комора: Да се повлече новиот закон за игри на среќа, ќе ги затвори компаниите и ќе поттикна сива економија

March 8, 2023 10:56
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Групацијата за игри на среќа при Стопанската комора на Северна Македонија уште еднаш јавно го изразува ставот на приредувачите на игри на среќа во пресрет на носењето на новиот закон за игри на среќа кој се наоѓа во собраниска процедура (изгласан на седница на Влада на 21 февруари 2023). За членките на Групацијата, постапката која се спроведува за носење на законот во Парламентот е спорна по неколку основи. Тие бараат од Предлог-законот да биде тргнато европското знаме и текстот целосно да биде повлечен за да се остави простор за широка дискусија во која бизнис секторот ќе може да ги аргументира своите ставови, со цел носење ефикасен и европски закон.

Од компаниите-членки на Групацијата директно и индиректно редовни примања добиваат околу 54 000 луѓе. Укажувањата се дека ако се изгласа законот како што е предложен, ќе се стави клуч на врата на легалните приредувачи на игри на среќа, но играњето нема да запре, играчите ќе бараат алтернатива и ќе се префрлат на нелегални локации, каде државата ќе нема контрола ниту врз средствата, ниту врз безбедноста на играчите.

-Прво, на новиот Закон за игри на среќа се става европско знаме иако во Европската Унија не постои посебна Директива која ги уредува игрите на среќа, туку е оставено секоја земја поединечно да го регулира законското работење. Европското знаме на овој нов предлог закон се става само со повикување на Препораката од ЕУ – CELEX32014H0478 која се однесува на заштита на потрошувачите и играчите на интернет игри на среќа и спречување на малолетниците за учество во интернет игрите на среќа. Оваа препорака не е обврзувачка ниту за членките на ЕУ а уште помалку за пристапните земји членки. Преку ставање на ЕУ знаме на Законот, истиот наместо во матичната комисија за финансирање и буџет, ќе биде ставен на разгледување во Комисијата за европски прашања во Собранието на РСМ, а со тоа се оневозможува да се отвори јавна расправа по предлог законот. Второ, иако образложението е дека новиот Предлог-закон се носи со цел да се унапреди дејноста, всушност измените ќе значат тотално гаснење на индустријата на игри на среќа и ќе поттикна сива економија во дејноста, која сега со постојната законска регулатива е на исклучително високо ниво регулирана и усогласена со европските закони, наведува Комората.

Комората укажува и дека Предлог-законот не се носи во транспарентна процедура со што, како што подвлекува, се заобиколува правната сигурност во дејноста во која за своето работење сите компании имаат важечки лиценци за работа со кои се обврзуваат и гарантираат почитување на пропишаните законски прописи, регулативи и норми.

-Во Предлог-законот и овој пат е изоставен делот со кој се овозможува приредувачите да организираат онлајн игри на среќа како во сите европски земји. Приредувачите на игри на среќа како општествено одговорни компании продолжуваат и со активни едукативни кампањи и силна финансиска поддршка, поради што постои верување дека укажувањата на бизнисот ќе бидат земени во предвид и во Собранието нема да се изгласа закон чии штетни последици ќе бидат повеќекратни, истакнува Стопанската комора.

Tags: Игри на среќаСтопанска комора
Next Post

Не можеме да се пофалиме со успех на застапеноста на жените во извршната власт, вели Тренчевска

Shortcut

Најново

Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

June 3, 2026

СДСМ: Апсењето на Богоев е монтиран случај на Мицкоски за дефокусирање од критиките на Антонио Кошта

June 3, 2026

Пет распродадени изведби во Загреб за новиот проект на Александар Поповски и Кирил Џајковски

June 3, 2026

Тренчевска: Со ВМРО, Македонија е само лидер по сиромаштија, криминал и изолација

June 3, 2026
Фото: ВЛЕН

ВЛЕН: Албанскиот ансамбл се комплетира со 45 решенија за вработување

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk