ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Ангеловска-Бежоска: НБ прави напори за поповолен амбиент за инвестирање во обновлива енергија

March 9, 2023 10:51
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

„Со подлабоки и побрзи реформи и зајакнување на одржливоста на домашниот енергетски сектор може да се постигне значително ублажување на ценовните притисоци од енергетската криза, но и да се ублажат притисоците во трговскиот дефицит и девизниот пазар. Народната банка прави напори да обезбеди поповолен амбиент за инвестирање во обновливи извори на енергија, преку повеќе активности, вклучително и изготвување стратегија за поттикнување на „зелените финансии” и нивен системски пристап за одржување на финансиската стабилност”, вели гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за „Марили”.

Ангеловска-Бежоска во интервјуто посочува дека значителен дел од домашната инфлација во минатата година се должи на растот на цените во енергетската компонента, којашто ги опфаќа цените на струјата за домаќинствата, горивата, топлинската енергија, но и индиректните ефекти од порастот на трошоците за електрична енергија за компаниите, коишто се пренесуваат врз финалните цени на другите производи и услуги.

„Централните банки, со својот мандат, немаат директна улога во овој процес. Сепак, Народната банка прави напори да обезбеди поповолен амбиент за инвестирање во обновливи извори на енергија. За таа цел се и промените во инструментот задолжителна резерва, насочени кон поттикнување на финансирањето инвестиции во обновливи извори на енергија и енергетска одржливост. Станува збор за нестандардна мерка со која се поттикнува кредитирањето на проектите поврзани со домашното производство на електрична енергија од обновливи извори”, вели гувернерката.

Во интервјуто Ангеловска-Бежоска најавува дека Народната банка е во завршна фаза на изготвување на стратегијата за поттикнување „зелени финансии” којашто ќе опфати системски мерки за подигнување на свеста за климатските промени и потребата за нивно намалување преку активностите на финансискиот сектор, истовремено водејќи сметка за одржување и на неговата стабилност и за непречена кредитна поддршка на економската активност.

Tags: Ангеловска-БежоскаинвестицииНБобновлива енергија
Next Post

„Фридом хаус“: С. Македонија бележи мал напредок, рангирана во групата на „делумно слободни“ држави

НАЈНОВО

Били Ајлиш и Илон Маск во жесток онлајн судир поради богатството и одговорноста

November 18, 2025

Лувр затвори дел од музејот поради нестабилен под

November 18, 2025
Фото: Официјална Фејсбук-страница на британската Кралска ковница

Кралска чест за легендата: Британската ковница издаде монета со ликот на Фреди Меркјури

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk