ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски-Гир: Поддршка од 80 милиони евра за справување со енергетската криза

March 9, 2023 12:38
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со шефот на Делегацијата на ЕУ во нашата држава Дејвид Гир, на прес-конференција ја потенцираа заложбата на Европската Унија во поддршката на Северна Македонија да ги надмине предизвиците од глобалната економска и енергетска криза.

Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен при посетата на нашата земја во октомври минатата година најави грант од 80 милиони евра како буџетска поддршка за ублажување на кризата. Премиерот Ковачевски посочи дека грантот од 80 милиони евра од ЕУ е поддршка за субвенции на граѓаните за сметките за електрична енергија, поддршка на малите и средни компании за одржување на континуитет на бизнисот како и за инвестиции на државата за енергетска транзиција, обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност.

„Овие средства се веќе достапни и се дел од пакетот антикризни мерки во износ од над 760 милиони евра кои Владата ги донесе и кој според податоците на Светска банка е највисока буџетска поддршка во регионот за справување со кризата. За 2023 година во буџетот во посебна програма предвидени за справување со енергетска криза се 225 милиони евра. Покрај мерките со сеопфатен план за реализација, Владата со силна волја во соработка со сите институции, со министрите, со поддршка и партнерство и со земјите од регионот како и со Европската Унија, спречи ценовен шок и овозможи стабилно снабдување со електрична енергија. Успеавме да го зголемивме производството од домашните капацитети, да осигураме стабилност на цената на струјата, а тоа пак влијае директно врз стандардот на граѓаните, но и врз стабилизација на инфлацијата”, рече претседателот на Владата.

Ковачевски истакна дека покрај мерките со сеопфатен план за реализација, Владата со силна волја во соработка со сите институции, со министрите, со поддршка и партнерство и со земјите од регионот како и со Европската Унија, спречи ценовен шок и овозможи стабилно снабдување со електрична енергија.

„Кризата ја претворивме во можност. АД ЕСМ во јануари и февруари го зголеми производството за 50 % во споредба со истиот период лани и во целост го исполнува планот за производство. Зголеменото производство на електрична енергија во Државните електрани, овозможи ЕСМ Продажба значително да ги намали набавките на струја на берзите.

Паралелно, преку зголеменото производство ЕСМ обезбедува евтина струја за училиштата, образовниот процес да се одвива во училиштата, за јавните комунални претпријатија преку кои граѓаните се снабдуваат со вода, како и за прехранбената индустрија”, рече Ковачевски.

Премиерот истакна дека сите мерки кои се преземаат од страна на Владата се со цел да се има сигурно и стабилно греење, со што се покажа дека планот дава резултати.

Евроамбасадорот Гир истакна дека од клучна важност за ЕУ е поддршката за граѓаните и компаниите но и за нови инвестиции.

„Нашата поддршка е поткрепена со акциски план кој што треба да ја обезбеди имплементацијата на одржливите реформи во енергетскиот сектор, ова мора целосно да се имплементира. Но, овие 80 милиони евра се само дел од еден поширок пакет вреден 1 милијарда евра кој што ЕУ го подготви за целиот Западен Балкан. Голем дел од овие пари се веќе достапни за да се поддржат инвестициите во зелената енергетска транзиција, транзиција која што станува навистина се поитна. Ова е покрај оние при кои што ЕУ и нејзините партнери ги обезбедија за енергетскиот сектор во оваа држава, ова не се бројки, ова се луѓе, не се апстрактни обврски, туку практична помош за да се обезбеди заштита сега и да се помогне да се изгради поодржлива зелена иднина заедно. Тука во Северна Македонија на Западен Балкан и во ЕУ. Затоа што енергијата не поврзува и затоа што знаеме дека сме семејство, и затоа што сме уверени дека нашата заедничка иднина лежи во ЕУ”, рече евроамбасадорот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ГирЕУКовачевски

НАЈНОВО

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, во игра се и Ралев и Шукова

July 15, 2025

Времето не работи за нас, потребни се храбри одлуки за ЕУ сега, истакна Филипче

July 15, 2025

Советот на ЕУ не постигна договор за воведување на еден од најстрогите пакет санкции кон Русија

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ујдурмата на „Маркет Вижн“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никола Димитров на Сими Симпозиум: Ако ЕУ остане без вредности, тогаш е ништо!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk