ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Во криза се важни пријателите, а ЕУ докажа дека има слух за нашите барања

March 9, 2023 11:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Особено задоволство ми е кога ветеното се реализира и има резултат. Во криза се важни пријателите, а ЕУ докажа дека има слух за нашите барања – да ни помогне кога беше најпотребно, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски на настанот по повод презентацијата на грантот од ЕУ за земјава, вреден 80 милиони евра.

Како што напомена Ковачевски, грантот е веќе достапен и овие средства се поддршка за субвенции на граѓаните за сметките за електрична енергија, поддршка за малите и средните претрпијатија, за одржување на нивниот бизнис, како и за инвестиции на државата во енергетската транзиција, во обновливите извори и во енергетската ефикасност.

Во октомври лани, потсети премиерот, кога претседателката на Европската комисија Урсула Фондерлајен беше во посета на нашата држава, порача дека ЕУ ќе биде покрај Северна Македонија и дека заедно ќе ги надминеме предизвиците од кризата.

-Го потишавме договорот Фронтекс и Фон дер Лајен најави грант од 80 миолиони евра. Овие средства се веќе достапни и ќе се користат како дел од пакетот антикризни мерки вредни над 760 милиони евра. Според Светска банка, ова е највисока буџетска поддршка во регионот за справување со кризата. За 2023 година во посебна програма се предвидени 225 милиони евра за справување со енергетската криза, рече Ковачевски и дополни дека Владата во соработка со сите инстутуции и ЕУ спречи ценовен шок, овозможи стабилно снабдување со електрична енергија, го зголеми домашното производство на струја, обезбеди стабилна цена и стабилизација на инфлацијата која три месеци по ред паѓа.

Пред пристуните се обрати и евроамбасадорот Дејвид Гир. Според него, овој настан уште еднаш покажува дека ЕУ ги исполнува ветувањата, дека солидарноста меѓу земјите членки, сегашни и идни, е фундаментална и опиплива вредност.

-ЕУ ќе биде со Северна Макеоднија во врме на криза како што ќе биде и во градењето на подобра иднина, рече Гир, обраќајки се на македонски јазик.

И тој потсети дека ЕУ минатата година вети 80 милиони евра, а сега го исполнува тоа. Гир најави и дека во поглед на инвестициите во чиста енергија ќе има уште повеќе поддршка како дел од пакетот од една милијарда евра што ЕУ ги подготви за Западен Балкан.

Во тек се обраќањата на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, како и на министерот за финансии Фатмир Бесими.

На настанот во Владата присуствуваат и министерот за економија Крешник Бектеши, како и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

Tags: ГирЕУКовачевски
Next Post

Македонија е регионален лидер во енергетската транзиција, со огромен потенцијал да стане зелен енергетски хаб, рече премиерот

Shortcut

Најново

Филипче предлага конкретни мерки: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

September 14, 2026

„Кога не би бил институција, знам како се решава ова“: Мицкоски очекува судовите да постапат за заканите упатени кон него

September 14, 2026

СДСМ бара истрага од Обвинителството: Каде завршија 5,5 милиони евра од лотаријата за прославата со Дејвид Гета?

September 14, 2026

Војна на бројките – власта брои успеси, опозицијата брои лаги, земјата тоне

September 14, 2026

(ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

September 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk