ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кристина Марабјан за „Независен“ од Грузија: Не сакаме повторно да бидеме СССР

March 9, 2023 19:11
in PMD, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Кристина Марабјан, новинар во Jnews.ge, специјално за „Независен“ зборува за политичката ситуација во Грузија по масовните протести против законот за  „странски агенти“ што ги крена на нозе прозападните сили во земјата. Според известувачите од Тбилиси ваков број на демонстранти не е виден досега, што ја принуди владата да го повлече контроверзниот закон кој можеше да доведе до украинско сценарио, т.е. нејзино уривање.

Како ја оценувате политичката ситуација во Грузија по владината одлука да го повлече законот што предизвика протести во земјата? Можна ли е понатамошна дестабилизација?

Ситуацијата сѐ уште е тензична, бидејќи малку луѓе ѝ веруваат на владата и сѐ уште не знаеме што ќе биде понатаму. Секако, се надевам дека ќе се вразумат и ќе сфатат колку е опасна ваква внатрешно-политичка ситуација во државата. Властите веќе подолго време се обидуваат да ги вовлечат медиумите во политичкиот конфликт во земјава, но ова беше првиот обид да се вовлече целиот граѓански сектор во конфликтот.

Колку луѓе учествуваа на протестите и дали важат споредбите на овој настан со украинскиот Мајдан?

Во основа, протести се одржуваат во големите градови, каде што граѓанскиот сектор е поразвиен и има моќ, но за жал, тоа не е случај во регионите. Доколку властите не се согласат да го повлечат сосема овој закон, тоа попрво би било катастрофа или за земјата или за самата влада.

Колку е поделено општеството во земјата по војната во Украина и по која линија?

Всушност, во земјата има три позиции по прашањето за војната во Украина. Дел од населението бара да се поддржи Украина дури и на штета на земјата, бидејќи Грузија сѐ уште е во голема мера зависна од Русија економски. Другиот дел од општеството е против ова и ја поддржува Русија, при што повеќе се работи за владејачкиот дел од населението кој е тесно поврзан со Русија. Останатите ја поддржуваат Украина, но веруваат дека Грузија не треба да помага на штета на сопствените интереси.

Како присуството на Русите што избегаа од мобилизацијата и од други причини влијае на внатрешната ситуација во Грузија?

Руските бегалци живеат во големите градови на Грузија како Тбилиси и Батуми, а во останатите региони практично нема Руси. Дел од населението верува дека за нив нема место во земјата, бидејќи Русија окупираше два региони на Грузија. Тие генерално имаат негативен став кон Русите, но сѐ уште нема сериозни конфликти. Другиот дел е толерантен кон нив.

Една фотографија собра аплауз од целиот свет: Девојката која се спротивстави на млазевите со вода веејќи го знамето на ЕУ… Која е таа и која е приказната зад неа?

За жал, ништо не се знае за оваа хероина на денот.

Според одредени проценки, дури 85 отсто од Грузијците го поддржуваат членството во ЕУ, што е исклучок во целиот регион. Зошто европската ориентација е толку силна во Грузија во споредба со чувствата во другите земји во регионот?

Не знам колку се вистинити овие бројки, бидејќи малку верувам во вакви анкети. Но, генерално, населението на Грузија е проевропско, бидејќи европските вредности можат да ѝ обезбедат на Грузија подобра иднина, со оглед на тоа што Грузија веќе има негативно искуство од животот во иста земја како Русија. Русија во последно време е сè повеќе одбивна за јужнокавкаските земји поради законодавството и империјалното размислување. Ниту Ерменија ниту Грузија не сакаат повторно да бидат во СССР. Тоа искуство ни беше доволно.

Слободанка Јовановска / Независен

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ГрузијаРусија
Next Post

Демонстрантите во Тбилиси слават, грузиската влада го повлекува спорниот закон за странски агенти

НАЈНОВО

Зеленски: Нема да ги користиме ракетите „Томахавк“ врз цивилни цели во Русија

October 12, 2025

Мирен изборен ден во Косово со излезност под 40 проценти

October 12, 2025
Фото: СДСМ

(ВИДЕО) Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk