Државниот инспекторат за животна средина се огласија за пожарот кој зафати магацински дел на фабрика за канабис, од каде што појаснуваат дека е опожарен магацинскиот простор на правниот субјект ГМ ЛАЈТ МЕДИКАЛ ДОО, село Дебриште, Општина Росоман.
-Од страна на ДИЖС, Одделението за инспекциски надзор во животната средина-Вардарски и Југоисточен регион, Канцеларија Кавадарци, Државен инспектор за животна средина Јованче Колев веднаш е направен вонреден увид на лице место. Правниот субјект поседува Елаборат за животна средина.