ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Владата на Груевски немала пари за „Сенки“ на Милчо Манчевски, па зела кредит од над 40 милиони денари

March 9, 2023 15:46
in PMD, ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА

Владата на Никола Груевски  веднаш по доаѓањето на својата функција во јуни 2006 година одобрила кредит за дофинансирање на филмот „Сенки“ на режисерот Mилчо Манчевски кој заедно со каматите по исплатата ги чинела граѓаните  43.687.478 денари.

Ова го покажуваат документите кои ги доби ЦИВИЛ Медиа преку слободен пристап до информации, каде се гледа целосна информација на финансиските трансфери кои Министерството за финансии и Министерството за култура, како и одлуките на Владата, кои ги правеле до продукциската куќа „Сенки“ од Скопје преку Годишната програма за финасирање програми и проекти од национален интерес во културата.

Со ова вкупната сума која ја добил Манчевски за филмот „Сенки“ е 91.146.978 денари и 43.687.478 или вкупно 134.834.456 денари ( 2.192.430 евра).

Во Извештајот за филмот кој министерствотот за култура го доставило во 2007 година, во периодот на донесување на ребалансот на буџетот во 2006 година се префрлени 51.201.243 денари, така што останал долг од 67.650.000 денари.

Но наместо оваа сума, обезбедени се 35.353.000 денари, а со прераспределба на средства се обезбедени дополнителни 3.097.000 денари, така што останал долг од 29.200.000 денари.

Со програмата за филмска дејност следната 2007 година преку министерството за култура за филмот „Сенки“ се обезбедени 4.600.000 денари, а за остатокот од 24.600.000 денари со Одлука на Владата овластен е тогашниот министер за култура Благој Стефановски да потпише менична изјава  за да може Манчевски да земе кредит од 43.050.000 денари, согласно потпишани договори за цесија кој ќе го плаќа Министерството за култура, поточно граѓаните преку буџетот и тоа во време кога владеење економска криза.

Каматната стапка на овој кредит е првично 9 проценти, а потоа министерството барало да доплати на повеќе рати, па каматната стапка се намалила на 7 проценти.


Инаку сопственик на „Сенка Милчо Манчевски ДООЕЛ“  според документите е токму Милчо Манчевски, но заведен е како американски државјанин, додека пак компанијата покрај приоритетната дејност филмска продукција има регистрирана дејност за надворешна трговија со прехранбени и непрехранбени производи.

Соња Танеска / Civil Media

 

Tags: ГруевскикредитМилчо МанчевскиСенки
Next Post

Руските пропагандисти се обидуваат да ја оспорат автентичноста на видеото од егзекуцијата на украинскиот заробеник

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Ристовски: Одбојкарите ќе добијат три милиони денари за пласманот на ЕП

August 18, 2025
Фото: Скриншот

Зеленски по пристигнувањето во Вашингтон: Се надева дека заедничката сила на Украина, САД и Европа ќе ја присили Русија на мир

August 18, 2025

Трамп: Зеленски би можел да ја заврши војната со Русија речиси веднаш

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Четворица ограбувачи испразниле златарница во Сиетл за 90 секунди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk