ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битиќи: Ги поддржуваме домашните компании за да се конкурентни на меѓународните пазари

March 10, 2023 14:13
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денес ја посети компанијата „СОКО Горица” ДООЕЛ Скопје.

При посетата,вицепремиерот Битиќи рече дека е горд за средбата со госпоѓа Горица која е сопственичка на компанијата која успешно работи веќе скоро три децении, и претставува инспирација и мотив за сите жени претприемачки во нашата земја.

„Соко Горица е извозно ориентирана компанија, тие извезуваат 97% од производството во над 45 земји на 5 континенти, што ја прави конкурентна на меѓународниот пазар а сум среќен дека оваа домашна компанија е во моето портфолио за поддршка на инвестиции, затоа што тие континуирано инвестираат во автоматизација на производниот процес, во што партнерски ги следиме и поддржуваме постојано со финансиска поддршкa”, изјави Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека особено го радува последна инвестиција на „Соко Горица” во истражување и развој, каде тим на инженери и техничари ќе работат на создавање на техничко- технолошка шема на производство со висок степен на автоматизација и роботизација.

„Ова е иднината и новата економија која го следи развојот на 4тата индустријализација, само вака нашите компании ќе ја зголемуваат нивната конкурентност, додадена вредност на производството и одржливоста и растот на долг рок. Оваа мерка за поддршка на инвестиции во истражување и развој или R&D која ја воведовме пред повеќе од една година, веќе дава резултати.

На крајот на 2022 година исплативме рекордни 23 милиони евра, државна поддршка кон 410 компании, токму вакви како „Соко Горица”.
Компании кои и покрај кризите инвестираат, се развиваат и се стабилни за нивните вработени, кои ги гарантираат нивните работни места и отвораат нови”, изјави Битиќи.

„СОКО Горица” е домашна успешна компанија, семејна традиција која датира од 1994 година специјализирана во производство на овошни и освежителни пијалаци пакувани во популарните мали пакувања (200мл), светски познати како Doy-pack.

Сопственичката Горица Спасеска изрази голема благодарност до Владата за државната помош која и ја дава на компанијата, додавајки дека тоа влијае на нивната перформанса и ги прави конкурентни на пазарот.

„Благодарни сме за пордршката која ја добиваме во последните 5 години, првиот договор заврши, сега го потпишавме вториот договор за инвестиции кои планираме да ги направиме во наредниот периот. Нашата генерација полека си заминува во логистика и доаѓаат млади. Се надеваме дека ќе има нови можности за соработка”, изјави Спасеска.

Владата на Република Северна Македонија преку кабинетот на вицепремиерот Битиќи финасиски ја поддржува компанијата „Соко Горица” со државна помош по Законот за финансиска поддршка на инвестиции за инвестициски циклус од 5 милиони евра.

Tags: БитиќиКомпанииМакедонија
Next Post

Агелер чека „абер“ од Вашингтон: „Различни лица можеби се истражуваат во различни контексти во однос на корупцијата“

НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Мицкоски негира дека Казандол ќе биде повторно отворен

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk