ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Колкава треба да биде помошта на Западот за Украина, за да се направи цената на војната неподнослива за Русија

March 10, 2023 16:06
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

ДАНИЕЛ ГРОС / Project Syndicate

Западните лидери постојано ја потврдуваат нивната посветеност на Украина, став кој сè уште привлекува широка јавна поддршка. Но, во однос на пари и оружје, Западот испорачува далеку од доволно помош за да ѝ овозможи на Украина да осигура одлучувачка победа против Русија.

Една година по руската инвазија, украинската војна стана војна на исцрпување, со секоја страна во обид да ја исцрпи другата страна прва. Супериорниот морал и лидрството на Украинците сепак им овозможува важна предност. Но, во војна на исцрпување, рамнотежата на ресурсите е одлучувачки фактор.

Економскиот потенцијал на Украина е занемарлив. По наглиот пад од над 30% во 2022 година, нејзиниот БДП сега изнесува само една десетина од оној на Русија. А тој јаз допрва ќе расте: Меѓународниот монетарен фонд очекува руската економија малку да порасне во 2023 годин. Сама по себе, Украина очигледно не би можела долго време да ја издржи војната на исцрпување.

Но, се разбира, Украина не е препуштена сама на себе, ја има поддршката на Европската унија, Обединетото Кралство и на САД – економии со комбиниран БДП од скоро $45 билиони долари. БДП на Русија, од друга страна, изнесува само $1.6 билиони долари – приближно исто како оној на Италија и нешто повеќе од 3% од оној на НАТО алијансата.

Меѓутоа, во однос на паритетот на куповната моќ, релативната предност на Западот значително се намалува: од околу 30:1 до 10:1. Најточната споредба на предностите на двете страни треба да лежи нешто помеѓу – да речеме, 20:1 – бидејќи Русија произведува голем дел од својата воена опрема евтино дома.

Сигурно си мислите оваа уништувачка економска предност би се превела во доволно поддршка за да ѝ се овозможи на Украина да ја добие војната на исцрпување со Русија. Но, отрезнувачки e ако се погледнат бројките подобро. Показателот за следење на поддршката на Украина на Килскиот Институтот покажува дека ЕУ и САД заедно имаат издвоено околу $150 милијарди долари – околу 0.3% од нивниот БДП – во помош за Украина, а не целиот износ е доделен или испорачан.

Дали финансиска поддршка во износ од 0.2-0.3% од донаторски БДП би била доволна за да и се даде на Украина решавачка материјална предност? Апсолутно не. Всушност, Русија ќе траба да потроши само 4-6% од својот БДП за да ги достигне таквите нивоа на финансирање. Со тоа што рускиот претседател Владимир Путин се има здобиено со речиси апсолутна моќ, а руската популација покажува општа согласност, ова се чини особено можно. За да се направи цената на војната неподнослива за Русија, Западот ќе треба двојно или дури тројно да ја зголеми својата поддршка за Украина.

Потребно е време да се преведе економскиот потенцијал во воени средства. Краткорочно, треба да се земе во предвид и расположивата залиха на тешка опрема со која располага секоја од страните. Тука, повторно, поддршката за Украина останува несоодветна. Сагата со тенковите е конкретен пример. По повеќе од една година од инвазијата и повеќе од еден месец откако Германија им даде дозвола на европските земји да испратат тенкови Леопард 2 од германско производство во Украина, само неколку дестеици– само 2-3% од вкупно расположивите во Европа – се ставени на располагање на земјата, од кои повеќето допрва треба да се испорачаат.

Тенковите произведени во Русија можеби се инфериорни, но има илјадници од нив. Слично, Западната „паметна“ муниција можеби е сто пати поефикасна од руската муницја, но е исто така сто пати поскапа, а само малку од неа е достапна. Тој шаблон се однесува и на многу други области.

Сталин наводно има кажано дека квантитетот има свој квалитет. Не е реалистично да се очекува Украина да ослободи повеќе од својата територија, а камоли сосема да ја избрка Русија, кога Русија има толку јасна квантитативна предност во однос на оружје и потенцијални борци.

Оваа ситуација е во потполна спротивност со европските и американските изјави на солидарност со Украина. Анкети за испитување на јавното мислење потврдуваат дека 74% од Европејците сè уште ја поддржуваат помошта што ја обезбедува ЕУ за Украина и санкциите против Русија. Во САД, јавната поддршка за испраќање оружје во Украина изнесува околу 50%, а во последните месеци, претседателот Џо Бајден и министерката за финансии Џенет Јелен го посетија Кијив, за да испратат порака дека Украина може да продолжи да смета на САД.

Но, јавното мислење и политичката реторика имаат значење само доколку водат кон материјална поддршка. Она што е одлучувачки е подготвеноста да се плати, а низ Западот, ова се чини дека недостасува.

Спротивно на ова е Заливската војна од 1990-91, која започна кога една голема земја (Ирак) го нападна и окупира својот многу помал сосед (Кувајт). Плашејќи се дека анексијата на Кувајт би му дала на ирачкиот диктатор Садам Хусеин контрола врз преголем дел од светските нафтени резерви, САД составија коалиција од 35 земји, чии комбинирани сили лесно ги поразија деморализираните ирачки војници. Иако Германија не испрати војници, таа придонесе со $6 милијарди долари за напорите – многу повеќе, како дел од БДП, од што има дадено на Украина.

Западот се чини дека се надева на чудо – целосна верзија на Рускиот неуспех да го заземе Кијив минатата година. Но, дури и Путин може да научи, а руската војска веќе ги има приспособено своите тактики за војната на исцрпување која што произлезе. Победата во Украина не е веројатно дека ќе биде евтина.

Западните лидери можеби наскоро ќе треба да направат избор: или да ја зголемат материјалната и финансиската поддршка за Украина двојно или тројно, или да ја гледаат Русија како ги задржува териториите што ги окупира денес. Украина вети дека никогаш нема да прифати територијално освојување, инсистирајќи, со поддршка на своите сојузници, дека преговорите можат да почнат само откако Русија ќе се повлече целосно од украинската територија. Но, доколку тоа е целта,  Западот треба да преземе акција со која ќе ги поддржи своите изјави.

Превод: Наташа Цветковска


Даниел Грос е директор на Институтот за креирање европска политика на Универзитетот Бокони.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Војна во УкраинаДаниел Гроспомош од Западот

НАЈНОВО

Македонскиот краток експериментален филм „ЛИМА“, селектиран на „Short Film Corner“ на Канскиот филмски фестивал

May 19, 2025
Џабир Дерала

Линии со код, реки од крв

May 19, 2025

Мицкоски: Таравари одлучи да се приклучи на блокот на криминалот

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистиката на папската облека и прстенот – симболи на моќ, жртва и светост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АД МЕПСО: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk