Речиси 800 милиони евра се доделени како помош за грчките железници од страна на Европската унија, изјави претставник на Европската комисија во коментар за грчки Катимерини.
Првата сума за инсталирање на Европскиот систем за управување со железничкиот сообраќај (ERTMS) веќе беше доделена уште во 2000 година.
ERTMS е систем на стандарди за управување и интероперација на сигнализацијата за железници во земјите на Европската Унија.
Портпаролот тврди дека има континуирана поддршка со финансирање од Европската унија и истакна дека и покрај сите напори земјата да се усогласи со европското законодавство, „железничката инфраструктурна мрежа во Грција сè уште е во сопственост и управувана од целосно државни компании.“
„Сè уште има потреба од подобрувања на грчките железнички линии“, рече портпаролот, додавајќи дека во нејзиниот План за закрепнување и отпорност, воведен за да и помогне на земјата да се опорави од пандемијата „Ковид-19“ со средства од ЕУ, грчката влада ја идентификувала потребата да се подобри инфраструктурата и нејзиното управување како приоритет.
Тој рече дека владата ги препознала проблемите поврзани со управувањето со железничките проекти и се согласила за голем број реформи што треба да се спроведат во наредните години.
Од 2014 година, ЕУ исплати 697,3 милиони евра за грчките железници.
Дополнително, уште 87,8 милиони евра се исплатени од 2000 година до денес во форма на кофинансирање со Грција.
Како што се наведува, ќе следат дополнителни 130 милиони евра од Фондот за закрепнување и 50 милиони евра од Програмата за јавни инвестиции.
Европските средства за грчките железници доаѓаат од три главни извори: Пакетот за кохезиона политика, Поврзувањето на Европа и Планот за закрепнување и отпорност.
Подготви: Ј. Ѓ.