ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Претставници на НБ со учество во билатералната фаза за областа „Финансиски услуги”

March 13, 2023 11:10
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Народната банка е активно вклучена во активностите на работните групи за подготовка на преговарачките позиции за пристапување на нашата земја во Европската Унија, по одделни поглавја и области и во тековниот процес на билатералната фаза на аналитички преглед на законодавството (англ. Screening) со Европската Унија. Во рамките на Кластерот 2 – Внатрешен пазар, а конкретно за Поглавјето 9 – Финансиски услуги, свое излагање имаа Фросина Целеска и Лидија Пушевска-Марковска од Дирекцијата за банкарска регулатива и решавање банки во рамките на подрачјето „Банкарство и финансиски конгломерати” и Игор Величковски од Дирекцијата за платни системи во однос на подрачјето „Платни системи и платежни услуги”.

Во подрачјето „Банкарство и финансиски конгломерати”, претставниците на Народната банка ја презентираа примената на директивата и регулативата за капиталните барања на кредитните институции, примената на директивата за закрепнување и решавање банки и на директивата за реорганизација и престанок со работа на кредитните институции. Во овој домен беше истакнато високото ниво на усогласеност на домашната банкарска регулатива и супервизија, за коешто потврда е и Одлуката на Европската комисија од 1 октомври 2021 година за усогласеноста на супервизорските и регулаторните барања во Република Северна Македонија со тие пропишани со соодветните прудентни барања и стандарди во ЕУ. На состанокот беа презентирани моменталните состојби и трендови во домашниот банкарски систем, како и детален опис на стандардите и практиките коишто ги применува Народната банка при вршењето на супервизорската функција. Стана збор и за идните планови во однос на постојаните активности на Народната банка за следење и усогласување со сите новини во ЕУ, коишто се однесуваат на регулативата и супервизијата на кредитните институции. Посебен акцент во овој дел беше ставен на активностите коишто се преземаат заради примена на барањата поврзани со воспоставувањето на функцијата за решавање банки, како во однос на обезбедувањето соодветна законска рамка усогласена со директивата за закрепнување и решавање банки, така и во однос на градењето соодветни организациски и човечки ресурси за спроведување на оваа функција од страна на Народната банка.

Во подрачјето „Платни системи и платежни услуги” претставниците на Народната банка ги презентираа решенијата во Законот за платежни услуги и платни системи коишто овозможуваат конечност на порамнувањето на налозите за пренос на парични средства доставени од учесниците во платните системи, обезбедувајќи поголема сигурност за граѓаните и фирмите при извршувањето на нивните плаќања. На состанокот беше даден осврт на најрепрезентативните услуги, односно на услугите коишто граѓаните најчесто ги користат преку платежните сметки, коишто ги има утврдено Народната банка и за коишто давателите на платежни услуги ќе доставуваат информации до Народната банка за надоместоците што ги наплатуваат од потрошувачите. Во тој контекст, беше истакнато дека до крајот на септември оваа година, Народната банка на својата интернет-страница ќе овозможи споредување на надоместоците на најрепрезентативните услуги, при што граѓаните на едно место ќе може да ги споредат надоместоците коишто ги наплаќа секој давател и да одлучат кој од нив им нуди најповолни услови за извршување на плаќањата. Општо гледано, решенијата во Законот за платежни услуги и платни системи и подзаконските акти коишто ги донесе Советот на Народната банка кон крајот на 2022 година обезбедуваат целосна усогласеност со барањата на Директивата на ЕУ за конечност на порамнувањата и Директивата на ЕУ за споредливоста на надоместоците коишто се однесуваат на платежните сметки, пренесување на платежните сметки и пристап до платежните сметки со основни функции, коишто беа на агендата на овој билатерален состанок.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕУЗаконодавствоНародна банка

НАЈНОВО

Тренчевска: Срамно и бедно е Лефков да тврди дека со закон за помош на семејствата во Кочани се рушел правниот поредок

May 20, 2025

СДСМ: Стојкоски и ВМРО ДПМНЕ во Ѓорче предвиделе 5,5 милиони евра од згради – 0 за градинка, училиште и гаража!

May 20, 2025

Промоција на „Danse Macabre“, книга раскази на Тина Иванова

May 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Матурант пронајден починат кај Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk