„Нема веќе војни, нема да има потреба од маченици бидејќи тие си ја завршија работата во 2001 и 1998“.
Вака вчера се обрати Артан Груби од митингот на ДУИ во Чаир, цитиран од ТВ 21.
„Секој со своите битки. Ветеранот со сопствената битка во ОВК, а сега да го продолжи патот што го трасираа со најскапо – крв и живот. Наша должност е да го направиме тој сојуз. Да се обединиме со Приштина, да ја обединиме Тирана, да ги отстраниме границите меѓу нас, да ги асфалтираме автопатите и да го подобриме животот за сите“, порача уште Груби.