Владата објави дека од месец март пензиите ќе се зголемат за 8,4 отсто што според нив е рекордно покачување на пензиите, пишува 24 инфо.
Од март минатата година до март оваа година пензиите се зголемени на три пати односно во март 2022 2,9 проценти, во септември истата година за 6,8 проценти и во март оваа година за 8,4 што значи вкупно за 12 месеци пензиите пораснале за 18,1 отсто.
Што значи тоа во пракса?
Ако еден пензионер во февруари 2022 година добивал пензија од 20.000 денари, во март истата година таа му се зголемила на 20.580 денари, пензија на тој износ добивал до септември 2022 година кога со тогашното покачување му се зголемила на 21.979 денари.
Со последното покачување, истиот пензионер што лани во март имал пензија од 20.000 денари, од овој март ќе добива 23.825 денари, или 3.825 денари повеќе, односно над 60 евра повеќе за само една година.
Износот од 20.000 е земен како сликовит пример, додека со новото покачување, просечната пензија која досега изнесуваше 17.666 денари, ќе се зголеми на 19.150 денари.