ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Ковачевски најави скок на пензиите на 25% до следен септември

March 16, 2023 15:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска по одржувањето на Советот за социјална сигурност, информираше за усвоеното усогласување на мартовските пензии, односно покачување за 8,4%. На прес конференцијата на која присуствуваа министерката за труд и социјална политика Јованка Тренческа и претседателката на Сојуз на здруженија на пензионери Станка Трајкова, претседателот на владата истакна дека од почетокот на  мандатот на оваа Влада заклучно со септември 2023 година пензиите ќе бидат повисоки за 25% што е најголемо покачување досега во историјата на државата.

„Ако зборуваме во проценти зголемувањето на мартовската пензија согласно методологијата ќе биде зголемување од 8,4 % што е и повеќе од очекуваното.

Во оваа 2023 година освен оваа мартовско усогласување на пензиите, уште едно ќе следи во септември, усогласено според трошоците за живот и порастот на просечната плата. Што значи за една календарска година, растот на пензиите ќе биде околу 16%. Или од првиот ден на оваа Влада, јануари минатата година со покачувањата на пензиите кои се случија во минатата година, во март и во септември, заедно со ова покачување и покачувањето кое следи во септември, пензиите ќе бидат поголеми за 25% што никогаш досега во историјата на државата се нема случено”, истакна премиерот Ковачевски.

Усогласувањето на пензиите се врши согласно метологијата 50% трошоци од пораст на проечната исплатена плата и 50% од порастот на животот на трошоците во РСМ, објасни министерката Тренчевска.

„Септемвриските пензии се усогласија во 2022 година согласно овој комбиниран модел од 50% пораст на просечната плата и 50% пораст на трошоците на живот и ја зголемивме, односно усогласивме тогаш поензијата за 6,8%. Зголемувањето сега со мартовската пензија, која што пензионерите ќе ја добијат на крајот од месец март, некаде 27ми март ќе започне исплатата на пензиите, ќе биде зголемена, односно усогласена за 8,4% и со тоа просечната пензија од 17.666 денари се зголемува на 19.150 денари”, рече Тренческа.

Претседателката на Сојуз на здруженија на пензионери, Трајкова истакна дека со примената на новата методологија која е преточена во законот за ПИОМ најнепосредно и директно се примени членот 37 од законот за ПИО и пензиите ќе се усогласат со 8,4%.

„За илустрација во примената на таа формула во 2022 година споредени полугодијата порастот на трошоците за живот изнесува 10,6% а порастот на платите 6,2% што значи дека пензиите на пензионерите се зголемија за 8,4% и вака зголемените пензии ќе бидат основа за наредните зголемувања”, истакна Трајкова.

Усогасувањето на пензиите почна од септември минатата година. Септемвриските пензии се усогласија согласно овој комбиниран модел од 50% пораст на просечната плата и 50% пораст на трошоци на живот, пензиите се зголемија во висина од 6.8%, со што пензијата од 16.348 денари се зголеми на 17.666 денари.

Со овој начин на усогласување на пензиите се овозможува реален пораст на пензиите во однос на платите, односно како што ќе порасне просечната плата, во континуитет растат и пензиите. Од голема важност за Владата е и многу успешната соработка и квалитетниот дијалог со Сојуз на здруженија на пензионери, заедно со експертите, ресорните министерства, пензиските друштва, партијата на пензионерите, останатите коалициони партнери во Владата со кои се направи успешна, со единствена цел за квалитетен живот на нашите возрасни граѓани.

Tags: Ковачевскипензии
Next Post
Митинг на вмро, 18 јуни 2022 (Фото: К. Михаилов)

СДСМ: Пропаднаа сите негови апокалиптични сценарија на Мицкоски, ќе изгуби на избори во 2024.година

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk