ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Црвен крст одбележува 78 години постоење

March 20, 2023 12:17
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Продолжуваме да ја покажуваме нашата солидарност на дело преку помошта која ја обезбедуваме за настраданите подрачја во Турција и Сирија. Добра е веста дека досега се собрани над 960 илајди евра помош за настраданите подрачја, а целта е да се стигне до еден милион евра, нагласи премиерот Димтиар Ковачевски на денешниот настан по повод одбележување на 78 години постоење на Црвениот крст на Република Северна Македонија кој годинава е посветен на хуманоста и солидарноста со настраданото население во Турција и Сирија.

Премиерот посочи дека Владата издвои околу 100 илјади евра за помош на настраданите, при што беа задолжени повеќе институции за испраќање тимови и други типови помош.

-Минатата година донесовме и одлука за одобрување буџетски средства во износ од 243 илјади евра за Црвениот крст како финансиска помош за делување при итни состојби. Во рамки на општата помош годинава донесовме одлука за финасирање на годишната програма на Црвен крст за која е предвиден износ од над 130 илајди евра, како и средства за обезбедување на трошоци за проектни активности од близу 98 илјади евра и срества од над 32 илајди евра за реализација на проект за одмор за деца од социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за летен распуст за 2023, истакна Ковачевски.

Тој својот говор го заокружи со пораката на првото движење на хуманост што се формира во Женева, Швајцарија.

-Да го спречиме и ублажиме човековото страдање, како и да го заштитиме здравјето, да обезбедиме почит и достоинство на човековото битие, особено во време на вооружени конфликти, несреќи и катастрофи и да работиме на превенција на болести, да поттикнеме доброволно ангажирање и постојано подготвени за давање помош како универзално чувство за солидарност и хумансот, нагласи премиерот.

Генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити нагласи дека хуманоста не се кажува, туку покажува и докажува, таа не се импровизира туку до срце се практикува. Нашите граѓани, како што потенцира, докажаа хуманост на дела изминатиот период и сочувство со населението во Турција и Сирија.

-Животот често е исполнет со болка, тага, незадоволство, тешкотии и не тера да рамзислиме дали има причина и колку може да бидеме хумани и човечни, но останува за миг да заборавиме на себе и да помислиме на другите, само така ќе ја дознаеме потребата од тоа да се биде добар. Многу поблиску до човековата природа се добрите дела, а не злото и затоа не смееме да веруваме дека живееме во нехумано општество. Во нарендиот период продолжуваме да рбаотиме на обезбедување подостоинствен живот на оние на кои им е потребна поддршка, рече Саити.

Tags: МакедонијаЦрвен Крст
Next Post

СВР Тетово: За два и пол месеци лишени од слобода 80 лица поради најдена дрога, најмладиот на 15 години

Најново

Жерновски: Лажните патриоти во Владата на Мицкоски се веќе во ЕУ, затоа што имаат бугарски пасоши

April 25, 2026
Фото илустрација: СКРМ

СКРМ повикува на протест на 28 април: „Кога гасите уметници – го гасите светлото“

April 25, 2026

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026

Николоски: Заради блокадата на малкумина прилепски буџувани, државата губи до стотина милиони евра

April 25, 2026

Филипче: Никола Груевски избега ама јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат

April 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk