Постапките за новата концепција се спроведуваат и над 95 отсто од новите учебници се одобрени. Учебниците кои се постарата концепција се доставени на 1 септември. Кај новата концепција реагиравме најбргу што можеше. Имаше реакции и во јавноста и кај мене за грешки во учебниците. За да се јавуваат добри автори оваа година надоместокот за пишување одобрен учебник е 300.000 денари, изјави министерот за образование Јетон Шаќири денеска на ТВ 24.
Проблем, според него, има со рецензентите за кои треба да се објави оглас, а тие не се јавуваат на распишаните огласи.
„По рецензијата секој учебник оди на одобрување во БРО. Очигледно се немало доволна мотивација и се објавија учебници со грешки“, вели Шаќири кој додава дека отсега рецензентите ќе бидат универзитетски професори кои ќе добиваат и соодветен надомест.