Четворица републикански претставници во Конгресот го повикаа американскиот претседател Џо Бајден да испрати касетна муниција во Украина. Во писмото испратено до Белата куќа, тие велат дека администрацијата на претседателот стравува дека таквата акција Русија ќе ја сфати како ескалација на конфликтот.
Киев ги повика членовите на Конгресот да извршат притисок врз Белата куќа да одобри испорака на оружје.
Во писмото се критикува Бајден за неговата „неподготвеност да и обезбеди на Украина вистинскиот тип и доволно количество оружје со голем дострел и маневрирање“ за да постигне пробив во борбата против руските сили.
Писмото го потпишаа Џим Риш, главен републиканец во Комитетот за надворешни работи на Сенатот, Роџер Викер, главен републиканец во Комитетот за вооружени служби на Сенатот, Мајк Мекол, претседател на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом и Мајк Роџерс, претседател на комисијата.за вооружените сили во Претставничкиот дом.
Касетната муниција е забранета од повеќе од 120 земји во светот.