ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

„Ромалитико“: Антициганизмот главен предизвик за подобрување на состојбата на Ромите

March 22, 2023 12:05
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“ известува дека според најновиот Годишен Извештај за состојбата со човековите права за 2022 на Стејт департментот на САД, Ромите како етничка заедница се диспропорционално најпогодени од бариерите поврзани со добивање извод од матична книга на родени.

Со привремената идентификациона исправа која се издава за лица кои прв пат се евидентираат во посебната матична книга на родени не може да се остварат основните човекови права. Дополнително, во нашата држава овие лица не добиваат матичен број, туку посебен матичен кој не е препознаен од системот. Со тоа, овие лица се изложени на дополнителна дискриминација пред институциите.

Во однос на правичната застапеност, Стејт департментот забележува дека токму Ромите се оние кои остануваат да бидат несоодветно и неправично застапени во јавната и државната администрација.

Во делот на здравство се истакнува предизвикот со незаинтересираноста на работење во ромските средини, додека во однос на образованието се забележува дека сегрегацијата кај Ромите честопати се случува поради одбивање на родителите нивните деца да учат со деца Роми. Расистичкиот пристап е присутен и во делот на домување каде се наведува примерот од Кочани кога жителите поднеле петиција до општината во однос на изградба на домување наменето за Роми. Во извештајот се нотира и дека пресудата за случајот во Битола – полициска бруталност претставува преседан за доделување затворска казна, но и дека има потреба од ефективна истрага во случаевите на полициско малтретирање на Роми.

Во извештајот, исто така, е наведено дека Ромките треба да имаат подобар пристап до семејно планирање и медицинска грижа, но и дека се бележи пад на рани бракови кај ромската заедница.

Ромалитико преку свои извештаи за состојбата на ромската заедница даде свој придонес во Годишниот извештај за состојбата со човековите права во нашата земја. Останува Владата и институциите значително да се заложат за решавање на овие клучни предизвици, особено предизвиците кои доаѓаат како резултат на антициганизмот, порачаа од организацијата.

Tags: ИзвештајРомалитикоромиСтејт департмент
Next Post

Странски државјанин осомничен за криумчарење златен накит, цариник осомничен дека му помагал

НАЈНОВО

ВИ

Нов силен земјотрес го погоди Кипар, втор потрес од над 5 степени за пет часа

November 12, 2025

Алиу: Министерство за здравство е посветено темелни реформи на системот на примарна здравствена заштита

November 12, 2025

Евростат: Просечната плата во ЕУ порасна за 5,2%, најниска во регионот е во Бугарија

November 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Руската сенка врз Балканот – хибридна војна преку криминални мрежи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што треба да се случи за пожарникарите го добијат тоа што одамна им следува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 12 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мичио Каку за 3I/ATLAS: Не е вонземски вселенски брод, туку древна комета стара 7 милијарди години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Евростат: Просечната плата во ЕУ порасна за 5,2%, најниска во регионот е во Бугарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk