„Корупцијата е се уште проблем, но сега има реченица која вели дека Владата работи на идентификување и процесирање на фунцкионери кои биле поврзани со корупција. Примерот дека имаме функционери од актуелното владејачко мнозинство, а се процесирани укажува дека Владата решила да се бори со корупцијата“ рече пратеничката од СДСМ, Санела Шкријељ во „24 анализа“ на ТВ24.
Таа додаде дека доколку се анализира реториката на извештајот на Стејт департментот се гледа дека ситуацијата во земјата се подобрува.
„Ако се вратиме наназад ќе видиме дека речениците беа дека владата презема ограничени чекори за да идентификува и процесира случаи на високи функционери. До пред неколку години беше незамисливо функционери од тогашанта владејачка гарнитура да одговараат“ рече Шкријељ.
Пратеничката истакна дека овој извештај е патоказ, како и сите други извештаи на меѓународните парнтери кои покажуваат до каде сме и каде имаме предизвици.