ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вартоломеј: Црквата и државната власт во Русија соработуваа во криминалната агресија и ја делат одговорноста за злосторствата

March 22, 2023 18:35
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Вселенскиот патријарх Вартоломеј рече дека влијателната Руска православна црква ја дели одговорноста за конфликтот во Украина, но додаде дека е подготвен да помогне во повоеното „духовно закрепнување“ на Русија, објави Ројтерс.


Вселенскиот патријарх Вартоломеј ги даде овие коментари како укор кон рускиот патријарх Кирил, чиј гласен благослов за инвазијата руската агресија на Украина го подели православието ширум светот.

Вартоломеј, кој ја налути Москва во 2019 година со признавањето на новопрогласената православна црква на Украина, рече дека руските власти ја користат црквата како „алатка за своите стратешки цели“. „Црквата и државната власт во Русија соработуваа во криминалната агресија и ја делат одговорноста за злосторствата, како што се шокантните киднапирања на украинските деца“, рече тој на конференцијата организирана од литванскиот парламент. „Нашиот меѓуверски дијалог мора да се фокусира на начините за спротивставување и неутрализирање на капацитетот на раководството на Московската патријаршија да го поткопа нашето единство и преку теологијата да го легитимира криминалното однесување“, додаде Вартоломеј.

Вселенскиот патријарх е со седиште во Истанбул и се смета за „прв меѓу еднаквите“ во Православната црква, која има околу 260 милиони следбеници ширум светот, од кои околу 100 милиони се во Русија.

„Мајката црква во Константинопол е подготвена повторно да им помогне на своите деца во Украина и Русија, како што тоа го правеше многу пати во минатото“, рече Вартоломеј. „Наша заедничка христијанска должност е да ја искористиме моќта на дијалогот за да ги вратиме нашите руски браќа и сестри кон нашите заеднички вредности“, додаде тој, нагласувајќи ја потребата од „духовно закрепнување“ и во Русија и во Украина.

Извор: НОВАТВ

Tags: Вселенскиот патријарх Вартоломејдуховно закрепнувањеодговорностРуска православна црква
Next Post

Теренска кампања за информираност на земјоделците во полошкиот регион

НАЈНОВО

Скриншот

САД и Јапонија потпишаа рамковен договор за снабдување со ретки минерали

October 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Израел го прими телото на заложник според договорот за прекин на огнот

October 28, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кејти Пери и Џастин Трудо ја потврдија врската со појавување во Париз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk