ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Теренска кампања за информираност на земјоделците во полошкиот регион

March 22, 2023 19:08
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Тимови од Министерствотото за земјоделство, шумарство и водостопанство и од агенциите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, за поттикнување на развојот на земјоделството и  за храна и ветеринарство заедно со вработените во подрачните единици, денеска во рамки на теренската кампања за подобра информираност на земјоделците, посетија неколку локации и одржаа средби со земјоделци и мали производители на храна од полошкиот регион.

Од почетокот на месецов постојано се одржуваат информативни средби, на кои детално се објаснуваат постапките за аплицирање на јавните повици кои се во тек, за грантови до 10.000 евра. Моментно се активни  три јавни повици за финансиска поддршка: Јавен повик за мали винарии, Јавен повик за мали производители на храна од животинско потекло и Јавен повик за мали производитрли на храна од неживотинско потекло. За да можат да аплицираат на повиците, малите производители треба да се евидентираат како оператори со храна во Агенцијата за храна и ветеринарство.

Според информациите на МЗШВ, интересот е голем, а најмногу прашања има околу чекорите за евиденција и потребната документација за јавните повици. Токму за таа цел, посочуваат од Министерството, интензиво тече теренска кампања на повеќе тимови, со крајна цел да се одржат над 500 состаноци со земјоделци низ сите региони. Информациите се споделуваат и на веб страната на Министерството и на социјалните медиуми, што е многу важно за да допреме до секој земјоделец.

Во Гостивар се одржа централен настан во заедничка органзиација со ИМЕ и Швајцарската амбасада, на кој присуствуваа земјоделци и мали производители на храна од регионот, како и претставници на здруженијата Национална  федерација на фармери, Алијанса Премиум и Слоу Фуд Македонија.

Карванот, информира МЗШВ, продолжи со посета на компаниите Монтенегро-Гостивар и месна преработувачка индустрија Карнем во село Зубовце, Општина Врапшичте, кои се корисници на ИПАРД програмата. Се остварија и средби со жени земјоделки и мали производители во село Тумчевиште и село Сараќино. Во село Лешок, остварена е средба со земјоделците од селото, на која присуствуваше и Иснириза Хелили поглавар на полошкиот регион.

Освен средбите со земјоделци, таргет група на денешниот карван беа и учениците средношколци од земјоделската и ветеринарсната струка од Регионалниот центар за стручно образование и наука „Моша Пјаде“ – Тетово. Министерот за земјоделство Љупчо Николовски имаше средба со средношколци од 3 и 4 година на земјоделска и ветеринарна струка и ги информираше дека своето образование можат да го продолжат на некој од земјоделските или ветеринарнни факултети, со стипендија од 18.000 денари.

На крајот од  теренска активност, одржана е средба со вработените од подрачните единици на МЗШВ, АПРЗ и АХВ со цел подобра информираност за текот на редовните работни активности и интересот кај земјоделците за аплицирање на активните повици за грантови до 10.000 евра.

Извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: МЗШВполошки регионтеренска кампања

НАЈНОВО

Костадинов објави замрзнување на членството во СДСМ, откако не се најде на листата за градоначалници

July 3, 2025
Фото: Wikimedia Commons

Повеќе лица повредени во пукотница во Чикаго

July 3, 2025

Почна кампањата за изборите за Горниот дом во Јапонија

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи стави розови очила за читање на ребалансот на буџетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (АУДИО) Руски офицер признава дека го соборил азербејџанскиот патнички авион, според протечената изјава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk