Амбасадорката на САД во Северна Македонија, Анџела Агелер, на Форумот на жени – лидери за добро владеење и антикорупција што се одржува денеска во Скопје во „Хотел Хилтон“, истакна дека жените промовираат промена и унапредување и тие ги трансформираат конверзациите во случаи на конфликти.
– Во Северна Македонија и подалеку, сега, повеќе од кога било, ни е потребно силно и искрено лидерство за борба против корупцијата и промовирањето на доброто управување, рече Агелер.
Генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Марија Шмид истакна дека зајакнувањето на позицијата на жените во политиката е од критично значење за да се обезбеди правата на жените да бидат признати и зајакнати и да се овозможат тие да го промовираат и обликуваат ефективното добро владеење и борбата против корупцијата.
– Да се биде присутен не е доволно, преку учество и ангажирање, мислам лидерство, не само да се седи на масата, туку да се биде на чело на масата, ние мора да престанеме да мислиме само на тоа да се вклучат жените во разговорите, жените лидери можат и треба да ги водат разговорите, рече таа.