ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Битиќи од компанијата „Махагони“: Државната помош за инвестиции ги подобрува производните капацитети на нашите компании

March 23, 2023 15:46
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменикот на претсетседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, ја посети компанијата Махагони во Куманово која се бави со произвотство на мебел и е корисник на државна финансиска поддршка за инвестициски вложувања.

При посетата на фабриката специјализирана за дизајнирање и производство на висококвалитетен мебел од бука и храст, која успешно опстојува на пазарот веќе 28 години, вицепремиерот Битиќи беше пречекан од сопственикот Зоран Петровски, кој на вицепремиерот му ја раскажа животна приказна како рестел неговиот бизнис.

„Зоран започнал во семејна гаража од 25 метри квадратни а денес води фабрика од 3000 метри квадратни, и таа е иднината која што сакаме да им ја преставиме на младите сограѓани. Махагони е извозно ориентирана компанија која 70% од своето прозиводство го пласира на пазарите во Хрватска, Србија, Словенија, Германија и во Канада”, изјави Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека Владата ја поддржува оваа компанија веќе во нивниот втор инвестициски циклус, со втор договор според кој минималната инвестиција изнесува 17 милиони и 400 илјади денари, за финансиска поддршка за инвестициски вложувања во деловен објект, опрема и машини, со цел проширување и подобрување на производните капацитети, и нови производи со современ и подобар квалитет, што оваа домашна компанија ја прават поконкурентна.
„Првиот договор за финансиска поддршка на компании со Махагони го потпишавме во 2021 година, пост ковид година, што значи дека се охрабриле и инвестирале во развој во време на криза. Ја добија поддршката тогаш, ја добиваат и сега и тоа така ќе продолжи.

Портфолиото на компании, како Махагони, кои ги поддржуваме во нивните инвестиции се шири и веќе брои над 600 компании”, рече Битиќи.

Вицепремиерот информираше дека оваа година беше исплатена рекордна финансиска поддршка од 23 милиони евра, државна помош по Законот за финансиска поддршка на компании, со кои ги поддржуваме за инвестиции кои ја зголемуваат нивната конкурентност преку нови производствени процеси, воведување на нови технологии и креирање на подобро платени работни места.

Сопственикот Зоран Петровски, се заблагодари за државната помош која им е важна за унапредување на производниот процес.

„Државната помош, на нашата компанија и значи многу особено во делот за унапредување на производствениот процес, туку и за набавка на современи машини и современа опрема, модернизирање на производството и заштеда на енергија„ изјави Петровски.

Tags: БитиќиДржавна поддршкаКомпанииМахагони
Next Post

Блинкен вели дека руската агресија е акутна закана за интересите на САД

Shortcut

Најново

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026
Архивска снимка - Белград, 30 март 2026 - скриншот

Србија гласа в недела: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk