ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Грковска: Доброто владеење е клучно за градење на довербата меѓу граѓаните и нивните институции

March 23, 2023 10:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Доброто владеење е клучно за градење на довербата меѓу граѓаните и нивните институции, но и за односите меѓу државите. А пред сѐ, за постигнување одржлив социо-економски развој, од кој ќе имаат полза сите граѓани од овие простори, истакна вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, при промовирањето на регионалниот Форум на жени-лидери за добро владеење и антикорупција.

– Со воспоставувањето на овој Форум, на оваа нова регионална мрежа, сакаме да ги истакнеме вредностите и придобивките од соработката и солидарноста на жените, но истовремено да пратиме порака дека сме отворени за сојузништва со сите кои се залагаат за почитување на принципите на доброто владеење, рече Грковска.

Преку овој Форум, како што истакна вицепремиерката Грковска, со размена на добри практики, совети, човечка и професионална поддршка, ќе си излеземе во пресрет едни на други.

– Да се вмрежуваме преку заедничките заложби за поголема отвореност, цврст интегритет и етика, рече таа.

Настанот за промоција на Форум на жени лидери од Југоисточна Европа за добро владеење и антикорупција е инициран од вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, и поддржан од ОН Жени, РАИ и УНОДЦ.

Воведни обраќања на форумот, покрај вицепрмеиерката, ќе имаат и генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Марија Шмид, амбасадорката на САД во Северна Македонија, Анџела Агелер, Весна Ивановиќ, раководителката на програмската канцеларија на ОН Жени, Десислава Гоцкова, шефица на Секретаријатот на Регионалната иницијатива против корупцијата (РАИ) и Џенифер Сарвари Бредфорд, експерт за спречување криминал и кривична правда од Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ).

По воведните обраќања ќе се одржат две панел дискусии наловени „Како женското лидерство може позитивно да влијае на доброто владеење и демократскиот развој во регионот?“ и „Жените во граѓанското општество и истражувачкото новинарство – клучна алка во градењето на подобро општество за сите“.

Tags: владеењеГрковскаФорум на жени
Next Post

Историско ремек-дело    

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk