ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Кордалов: Лажните вести се голем проблем, штетата од нивното ширење ја трпи секој од нас

March 23, 2023 13:20
in PMD, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Лажните вести се голем проблем првенствено за секоја личност, а дури потоа за општествата во целина. Бидејќи штетата од ширењето на лажни вести на крај ја трпи поединецот или секој од нас, вели во интервју за „Рацин“ Бојан Кордалов, комуниколог кој активно работи во сферата на комуникациите и маркетингот повеќе од 20 години и активно ја застапува дигитална трансформација на општеството, е-трговија, медиумска и дигитална писменост.

Неговиот став по ова прашање останува конзистентен – во сите општества, но особено во општества како балканските кои не се склони кон доверба помеѓу општествените чинители и граѓаните, најпрво е важно да се демонстрира дека секоја личност има право на свој личен став, мислење и говор. Единствената кочница тука е доколку вашето право загрозува нечие друго право.

„Понатаму, мораме како луѓе, но и како систем да имаме вистински транспарентни и отчетни институции и политичари. Не половично или нецелосно отворени кон јавноста т.е. кон граѓаните и медиумите.

Трето, потребно е да разликуваме дека постои научна и ненаучна вистина, како и да правиме разлика меѓу институционален став (став на јавна институција која сите ја плаќаме и е специјализирано надлежна за одреден дел) и став на други страни. Наместо како досега да водиме жолчна полемика до омаловажување и навредување кој е во право и кој има монопол над вистината“, посочува Кордалов.

Во делот на телевизиите, односно традиционалните медиуми каде спаѓаат и кредибилните онлајн портали и други дигитални платформи вели дека тие навистина вложуваат многу напори и се можеби најважниот и најупорниот борец во битката со лажните вести, теориите на заговор и дезинформациите.

Причина за ова се секако законските основи и мониторинг, но првенствено стандардите во новинарската професија кои тие самите ги имаат поставено, како и квалитетот на кадар кој е столбот на секој медиум.

„Според мене, потребна е уште и поголема слобода и поддршка од буџетот како во европските земји наменета за сите професионални медиуми за да тие не мора по секоја цена да ја бараат првенствено профитната компонента, односно да бркаат кликови и рејтинзи по цена на опстојување. Бидејќи, ако поради општествен интерес ги финансираме аналитичките центри или медиумските кампањи на партиите за време на избори, мислам дека имаме многу поголем општествен интерес за граѓанска финансиска поддршка на медиумите, ослободена од каков било политички притисок и влијание!“, посочува комуникологот.

Tags: Кордаловлажни вестисоцијални медиуми
Next Post

Бербок: Ако не сакате сите млади да одат во Европа, тогаш Европа треба да ја донесете овде

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Претставничкиот дом денеска гласа за објавување на сите документи за Џефри Епштајн и Гилејн Максвел

November 18, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Јужноафриканец чека депортација откако му беше одземена австралиската виза поради учество на антисемитски неонацистички митинг

November 18, 2025

Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево сафари“

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk