ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

ЛДП со реакција за Мислењето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за вознемирување врз основа на политичка припадност

March 24, 2023 11:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„ЛДП инсистираше долги години на формирање независна и професионална Комисија за спречување и заштита од дискриминација, затоа што тоа е во кодот на нашето постоење и како членови и како партија. Комисијата ја има целата наша поддршка да работи по сопствено професионално наоѓање и ние ја почитуваме нејзината работа и ја повикуваме да биде уште поодлучна во својата мисија. Тоа не нѐ спречува да изразиме изненаденост и крајно разочарување од Мислењето на Комисијата во кое се утврдува дека ЛДП како партија извршила „вознемирување врз основа на политичка припадност и други уверување“ по претставката поднесена од Габриела Илиевска, врз основа објава на Фејсбук профилот на ОО ЛДП Битола“, реагираат денеска од партијата.

„ЛДП ниту била информирана за претставката, ниту е побарано мислење во текот на постапувањето на Комисијата. Воедно, правниот тим на ЛДП не може да определи од Образложението на Комисијата во која смисла на Законот за спречување и заштита од дискриминација е направено било какво вознемирување, со кое би сè овозможило да се преземат корективни мерки и во рамките на партијата и во рамките на општеството за да се реализира основната цел на законот, а тоа е да се делува превентивно за спречување на било каков вид на дискриминација во општеството и да се понесе лична одговорност за оние кои вршат дискриминација врз било кој граѓанин или граѓанка на Македонија.

ЛДП е партија која до крај ќе ги почитува правните и демократските механизми во државата, не бегајќи од никаква одговорност. Извинувањето или бришењето на објава е полесниот дел од работата, тоа можеме да го направиме и ќе го направиме со чувство на доблест и правичност. Но, нема да се откажеме од инсистирање на целосно разјаснување на случајот и на за нас спорното мислење и образложение на Комисијата.

Оттаму, ЛДП ја информира јавноста дека ги презема следните чекори:

1. Правниот тим на ЛДП ќе поднесе жалба до Комисијата за донесеното Мислење и ќе побара детално објаснување. За резултатите од процесот дополнително ќе ја информираме јавноста.

2. Согласно препораката на Комисијата, спорната содржина веднаш ќе биде отстранета од социјалните мрежи. Доколку во жалбената и евентуалната судска постапка се утврди дека содржината не била спорна согласно ЗСЗД истата ќе биде повторно објавена на социјалните мрежи.

3. Согласно препораката на Комисијата, ЛДП ќе упати писмено извинување до подносителот на претставката, воедно информирајќи го подносителот дека партијата го прави тоа почитувајќи ја Комисијата и институциите во државата едновремено поднесувајќи жалба на Мислењето на Комисијата за разјаснување на случајот и во насока на превентивно делување во општеството од сите чинители. Извинувањето во никој случај не може да се третира како одобрување на политиките, политичката активност и на способноста на подносителот за извршување на важната општествена функција, за која целосно го задржуваме правото на слобода на мисла и на говор без дискриминација.

4. Согласно препораката на Комисијата, ЛДП не само што ќе се воздржи од изразување на содржини кои предизвикуваат било какво вознемирување заснована на било која од дискриминаторските основи, туку и жестоко ќе инсистира никој во општеството така да не се однесува.

5. ЛДП ќе побара писмено објаснување од страна на Комисијата зошто воопшто нема реагирано по основа на допрен глас по канонадата на јавен говор полн со омраза врз основа на пол и политичко убедување на кое е изложена претседателката на ЛДП Моника Зајкова, во смисла на вознемирување и дискриминација согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Уште еднаш, ЛДП ја изразува својата целосна поддршка на работата на Комисијата и изразува отвореност и подготвеност за заедничка соработка со цел спречување и заштита од дискриминација на сите македонски граѓанки и граѓани“, се додава во соопштението.

Tags: дискриминацијаКомисијаЛДП
Next Post

Масовно руско гранатирање на повеќе региони во Украина, голем број на загинати и повредени

Shortcut

Најново

Мицкоски се пофали со разговор со Рубио, СДСМ: Тоа беше средба во ходник

September 21, 2026
Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk